Кошарка

Перо од прва рака за Дуда и Жељко

Трикратниот европски првак извади многу пикантерии од кариерата во подкастот „Bajkerot i Krosfiterot“. Ја освои Евролигата со Олимпијакос под водство на Душан Ивковиќ, а потоа и со Фенербахче кога тренер беше Жељко Обрадовиќ. Ретко кој спортист зборува волку опуштено и отворено, а плус и ги имитира. Открива дека Жељко од него барал да ја држи соблекувалната за да нема кланови. Потоа збор два и за Дончиќ и жена му, кога биле заедно на мекици. Интересно.

Падна првата четворка во историјата на кошарката

Крис Банкеро е стрелецот на првата четворка во историјата на кошарката, која ја постигна во Куп натпревар во Филипини. Се работи за шут од нова линија нацртана на 8,20 метри од кошот, додека тројката е на 6,75. За сега ова е експеримент на Филипинската кошаркарска федерација.

Кармело Ентони за Богдановиќ: „Сакав да му аплаудирам ама не можев“

Големиот Мело Ентони од прв ред го следеше спектаклот САД - Србија во полуфиналето на Олимписките Игри во Париз. На моменти, на секоја уфрлена тројка или двојка, Богдан Богдановиќ ја имитираше култната прослава на Кармело со гест со рака на глава. Тоа на Мело му се допадна, го сфати на убав начин и после Игрите раскажа дека дури и сакал искрено да му аплаудира на Србинот.

Антиќ го опишува Гечевски колку е цар

Перо и Тоше биле цимери во репрезентација. Во опуштен подкаст, Антиќ раскажува каков цар бил кавадарчанецот кој на моменти и го имитира. Потоа му се јавува на генералниот секретар на ФИБА на видео повик со кој е пријател долго време.

Јокиќ на свадба кај колега

Односно поранешен колега од репрезентација, а тоа е Немања Дангубиќ кој се ожени за одбојкарката Катарина Лазовиќ. Забавата која им ја направи е како и секогаш за МВП.

Што прави Јокиќ на лето и зошто го нема по јахти?

Никола Јокиќ во 2022-та го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА, вреден 276 милиони долари на 5 години. Но тоа не му ги менува навиките. Никола едноставно си e Никола.

Па ти играј после против Стеф Кари

Со 36 поени постигнати во полуфинале против Србија и 24 поени во финале против домаќинот Франција, Стеф Кари беше еден од најзаслужните што САД стигнаа до 10-ти златен медал на кошаркарски турнир на Олимписките Игри. Осми по ред, со што покажаа дека се непобедливи.

Само Лазо знаел на ваков начин да ги издрибла судиите

Немаме повеќе човек во спортот од таков ков на луѓе. Неодамна замина Џаро, а вчера и Лечиќ. Ви текнува ли на трет легендарен и незаменлив лик, истовремено и шоумен кој умее да направи измама за која ќе се зборува 100 години? Оваа е веќе прераскажана, но можеби помладите не ја знаат, а мораат.

Прости му Боже, олимписки медал освои

Богдан Богдановиќ беше разборен со Ѓоковиќ, но во еден момент мислеше дека треба со Леброн да игра еден на еден.

Најлесно е да го тренираш Јокиќ, тој е толку едноставен, приземјен и добар

Српскиот селектор Светислав Пешиќ кој во играчката и тренерска кариера има освоено практично се што може да сè освои во кошарката, искрено раскажал за неговиот однос со најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ.

Кога Работнички со Лечиќ играле против пијани кошаркари од Чачак, а најдобриот бил голубарџија

Штом за Буштур МТВ направи документарец, за Лазо Лечиќ сигурно има материјал за минимум три дела. Вакви стории имало само со него и во негово време.

Танцот на српскиот селектор Кари во диско е за олимписко злато

Светислав Пешиќ (74) ја продолжи успешната берба на медали на неговите претходници на клупата на кошаркарската селекција на Србија. На Олимписките Игри во Париз освоија бронзен медал. Беа прекечани традиционално на балконот пред Собранието на Белград а после тоа и во диско селекторот Пешиќ покажал како игра. Неговиот прекар е Кари, а во својата автобиографска книга објасни како го завикале Кари.

Замина легендата Лазар Лечиќ

Лазо беше симбол за кошарка и основоположник на овој спорт во Македонија, почитуван и на југословенските простори. Ја тренираше првата петорка од формирањето на Работнички во 60-те.

Леброн се сипал на младо дете зошто сакало да се слика

Кошаркарите на САД дискретно и без голема помпа отишле во некој ноќен клуб во Париз да го прослават олимпиското злато. На Леброн Џејмс во еден момент додека излегува од кола, му приоѓа едно дете и му бара селфи. Овој му се искурназува и нешто му се извикува. Само пар секунди после игра пред влез во диско.

Јокиќ веќе се вратил кај своите сакани коњи, си пие пиво

По големата прослава во Париз каде Никола Јокиќ издоминира во дуелот за бронзен медал и трето место на Србија, најдобриот кошаркар во НБА, се вратил во родниот Сомбор кај најбислките. Таму уште нераспакуван, отишол да си ја види и ергелата коњи, гледал и коњски трки, со студено пивце во раце.

Јокиќ на церемонијата на медалите се појави убав

Не е позната количината на пиво која ја испил Јокиќ и бандата која ја одигра најубавата кошарка во Париз. Битни се две работи. Прво влагодарение на нив во Париз ечеше „Македонско девојче“. И второ, се појавија на церемонијата на доделување медали.

Видовте ли Јабуселе како го сруши Леброн?

Финалето на Олимписките игри меѓу САД и Франција донесе повеќе атрактивни потези, а број 1 е дефинитивно дрското и безобразно забивање на Гершон Јабуселе и тоа еден на еден со Леброн Џејмс.

Кари vs Франција

Американците не играат тимска кошарка и ниту се трудат да прават акции. Сè се сведува на индивидуализам. Или ќе ја забијат или ќе шутнат тројка. Против Франција шутнаа 36 пати од кои погодија 18 тројки. Против Србија имаа 15/39. Но тоа се они и тоа е всушност нивното главно оружје. Посебно снајперското на човекот кој го сметаат за најдобар шутер во историјата на НБА. Во последните нецели 3 минути во финалето, Кари погоди четири тројки, во четири напади по ред. Ненормална работа. Против Франција постигна 8, против Србија 9 тројки. Има ли одбрана против овој човек?

Златен медал за САД, МВП признание за Леброн Џејмс

Селекцијата на САД ја оправда фаворитската улога во финалето и со триумфот над Франција од 98:87 стигна до петтиот златен олимписки медал во низа.

Бронзен медал за фантастичната Србија, Јокиќ феноменален со трипл дабл

Направија кам бек против Австралија после негатива од 24 поени. Водеа 17 поени против САД и беа во предност 37 минути. Го совладаа актуелниот светски првак Германија во битката за третото место. Србија беше нешто посебно на овие Олимписки игри.

Големиот потег на Леброн Џејмс со Аврамовиќ кој остана незабележан

На крајот од спектакуларниот дуел меѓу САД и Србија кој уште долго ќе се прераскажува, американските суперѕвезди во голема еуфорија го славеа триумфот. Скокаа и се радуваа а во еден момент Леброн Џејмс го примети на земја легнат Алекса Аврамовиќ па дојде и го утеши.

Дурент: „Како да не славиме, ова е ноќ која сите ќе ја паметиме цел живот“

Еден од најсилните тимови во историјата, некои би рекол појак дури и од Дрим тимовите 1992 и 1996, синоќа беше на раб на испаѓање. Минути ги делеа страшните НБА ѕверки од болна елиминација. Но направија пресврт и едвај ја совладаа Србија 95-90. Славјето на паркет после сирената говореше колку многу им значел триумфот во полуфинале на Олимписки Игри. А некои од нив имаат по 3-4 олимписки злата.

Стив Кер: Ми беше чест што бев дел од еден ваков натпревар

„Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот“, изјави селекторот на САД, како потврда плус за феноменалната кошаркарска претстава пред сè во режија на Србија, која целосно го надигра моќниот дрим тим.