Екипата на Фени Индустри го декласираше МЗТ Скопје со високи 84:65 и се врати во игра за титулата, намалувајќи на 2:1 во финалната плејоф серија што се игра до четири добиени натпревари.
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски го објави списокот со 24-те кошаркари за стартот на подготовките за предолимпискиот турнир во Венецуела.
Пет победи во серија е доказ дека помеѓу кошаркарите на Мајами има добра хемија. А јака „хемија" имаше и на клупата за време на синоќешниот натпревар против Чикаго.
Екипата на МЗТ Скопје сигурно чекори кон првата шампионска титула. Аеродромци со победа ја започнаа финалната серија од кошаркарскиот плејоф откако триумфираа над Фени Индустри по драматична завршница со 80:78.
Дербито на Западната конференција помеѓу Оклахома и ЛА Клиперс го реши Крис Пол со 31 поен, но натпреварот беше одбележан и со дуелот на еден од најдобрите забивачи во лигата, Блејк Грифин против најдобриот блокер, Серж Ибака.
Податок кој ќе ги загрижи сите фанови на ЛА Лејкерс. Статистиките велат дека тие нема да ја освојат титулата оваа година затоа што Коби шутира со 2,3% послаба реализација од неговиот просек.
Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ со победата на Олимпијакос над Монтепаски Сиена од 76:69, избори пласман на фајналфор турнирот од кошаркарската Евролига.
Антиќ со Олимпијакос славеше голема победа од 75:55 на третиот натпревар против Монтепаски Сиена на Бо Мекејлеб и за пласман на фајналфор турнирот во Истанбул им недостига уште само една победа.
Дечково ја научи лекцијата дека не треба да ги меша дрогите пред да оди на натпревар што се прикажува на телевизија затоа што ќе стане главна сеирџиска мета во цел свет.
Славјето на навивачите на МЗТ Скопје по освојувањето на кошаркарскиот Куп на Македонија беше огромно. Тие 12 години му се немаат радувано на ваков трофеј, па најверојатно заборавиле како се ракува со пехари. Желбата да се подигне пехарот беше преголема, па во целата еуфоријата настрада едната рачка.
Навивачката група Лозари од Кавадарци им даде солидна поддршка на своите кошаркари, но тие беа немоќни против аеродромци кои триумфираа на паркетот и на трибините.
Кошаркарите на МЗТ конечно им приредија големо славје на своите навивачи. Во финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со 84:66 и по пауза од 12 години аеродромци се израдуваа на трофеј.