Кошарка

Како може да не утнеш?!

При вакво одвлекување на вниманието Кевин Гарнет успеа да не поврати и ги погоди двете слободни фрлања.

Харден му врати на Мета Ворлд Пис

Лакт за лакт. Џејмс Харден му врати на кошаркарот во минатото познат како Рон Артест.

Жртва на фотошоп

Кошаркарот на Жалгирис, Робертас Јавтокас е најновата жртва на фотошопџиите.

Спонзорски Шек

Четири-кратниот НБА шампион Шекил О'нил заработи многу од кошарката, но и МНОГУ повеќе надвор од терените. Како изгледа Шек нацртан од брендовите и продуктите кои тој ги рекламира.

Коби го „измести“ Галинари

Или што би рекле на маалски кош „Коби го прати Галинари по бурек"

Антиќ ја прослави титулата со македонско знаме

Европскиот шампион, Перо Антиќ и капитенот на Олимпијакос, Василис Спанулус ја прославија титулата со македонското знаме.

Перо Антиќ на врвот на Европа!

Перо Антиќ ќе остане запишан како првиот Македонец кој настапил на финалето и го освои најелитното европско клупско кошаркарско првенство откако во завршницата од Евролигата Олимпијакос ја победи ЦСКА Москва со 62:61.

Кириленко ја предводи најдобрата петорка на Евролигата

На церемонијата во Истанбул во предвечерието на финалето на Евролигата, најдобрите поединци од досегашниот тек на сезоната ги добија своите признанија. Мекејлеб ја доби наградата за најдобар стрелец, а беше избран и во втората петорка.

Конечно Македонец во финалето на Евролигата!

Капитенот Перо Антиќ е првиот Македонец кој ќе игра на финалето од фајнал-фор турнирот на Евролигата откако Олимпијакос ја изненади Барселона и за европскиот трон ќе се бори против ЦСКА Москва.

Полуфиналната драма за ЦСКА Москва

ЦСКА Москва и Панатинаикос одиграа фантастичен полуфинален натпревар по кој рускиот тим го елиминираше актуелниот шампион и се пласираше во финалето на кошаркарската Евролига.

Перо Антиќ атакува на европскиот трон

Од денес до недела капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ ќе го има своето прво учество на завршницата на кошаркарската Евролига каде ЦСКА Москва, Барселона, Панатинаикос и Олимпијакос ќе атакуваат на тронот преку фајнал-фор турнирот на Евролигата.

Најдобрите забивања од регуларниот дел на НБА сезоната

НБА плејофот е во полн ек откако пред десетина дена заврши регуларниот дел од НБА сезоната, а тоа е доволно време за ретроспектива и избор на најдобрите забивања.

Коби во стилот на Џордан

Коби Брајант го повтори кошот на Мајкл Џордан од 1991.

Најлошото додавање во НБА плејофот

Пеналот на Серхио Рамос добива конкуренција. Карлос Бузер од Чикаго Булс на четвртиот натпревар против Филаделфија го изведе најлошото додавање во плејофот, а можеби и во целата НБА сезона.

Најдоброто од НБА сезоната

Најдобрите (успорени) моменти од досегашната фаза на НБА сезоната.

Пијана жена прекина НБА натпревар

Пијана навивачка влезе на теренот и на кратко го прекина натпреварот помеѓу Денвер и ЛА Лекјерс.

Пуста желба за забивање

Следниот пат пробај со кран.

Наваро од пола терен

Се уште го паметиме Наваро кој ја уништи нашата репрезентација со 35-те поени за Шпанија на полуфиналниот натпревар од Европското првенство во Литванија, а него ќе го паметат и во Мадрид.

Неверојатно забивање од Џеј-Ар Смит

Најдоброто забивање во досегашната фаза од НБА плејо-офот. Џеј-Ар Смит против Мајами.

Највалканите играчи во НБА лигата

Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).

Аеродром повторно неосвоив за Фени

Ниту еднаш сезонава Фени Индустри не успеа да го победи МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ во Аеродром, а овој пат тие беа само бледа сенка на тимот кој пред три дена победи со +19 во Кавадарци. МЗТ Скопје триумфираше со 25 разлика и дојде на чекор до својата прва шампионска титула.

3 моменти од првиот ден на НБА плејофот

Започна и НБА плејофот. За некого добро, а за некого лошо. Еве ги трите моменти кои ја одбележаа првата вечер од НБА плејофот.

Танчерите од НБА

Леброн, Мело и Двајт го предводат танчерскиот тим во НБА лигата.

Чикаго и Дерик Роуз продаваат најмногу дресови

Оваа сезона не беше најсјајна за Дерик Роуз, но сепак дресот на кошаркарот на Чикаго Булс е најпродаван во НБА лигата.