Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ја прими наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната, а воедно се најде и во втората најдобра петорка на натпреварувањето.
Покрај Мекејлеб, во втората петорка се уште и Мајк Батист (Панатинаикос), Хенри Домеркант (Уникс Казам), Хуан Карлос Наваро (Барселона) и Милош Теодосиќ (ЦСКА Москва).
Во надобрата петорка се најдоа Димитрис Диамантидис (Панатинаикос), Ненад Крстиќ (ЦСКА Москва), Еразем Лорбек (Барселона), Василис Спанулис (Олимпијакос) и Андреј Кириленко.
Русинот Кириленко оваа сезона реализираше по 14,2 поени, 7,3 скока, 1,9 блокади и 1,5 украдени топки по натпревар и го доби признанието за МВП на сезоната. Кириленко ја доби наградата и за најдобар дефанзивен играч на најелитното европско кошаркарско натпреварување.