Кошарка

Со големи маки до 1000 настапи

Ветеранот Грент Хил кој во текот на целата своја кариера не крена глава од повреди, се изнамачи да стигне до посакуваната бројка од 1000 настапи во најсилната кошаркарска лига во светот. 20 активни кошаркари во НБА лигата го достигнале овој успех.

Пипан ќе ја предводи кошаркарската репрезентација

Не помина ниту еден ден откако Алеш Пипан го раскина договорот со кошаркарската федерација на Полска, а раководството на МКФ веќе постига договор со Словенецот и тој ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во септември.

Леброн Џејмс најмладиот до 20.000 поени

Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.

Го седна

Поранешниот НБА играч, Гилберт Аренас во моментов си поигрува со противнички играчи во кинеската лига.

Не се закачај со НБА ѕвезди

Млад навивач на Јута Џез кој од првите редови го бодреше својот тим кој се сретна со актуелниот шампион Мајами Хит претера со своето однесување. По интервенцијата на Двен Вејд, момчето беше исфрлено од сала како непослушните деца на театарска претстава.

МЗТ падна во финишот во Крагуевац

МЗТ Скопје не успеа да изненади уште еден фаворит во АБА лигата. Во 17-то коло од регионалната лига, МЗТ по рамноправна игра загуби на гостувањето кај Раднички со 89:83.

Шампионот поразен во Барселона

Актуелниот европски кошаркарски шампион, екипата на Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ, загуби на гостувањето кај Барселона со 76:68 во третото коло од Топ 16 фазата на Евролигата.

Бо Мекејлеб не успеа ниту во Израел

Во третото коло од најелитниот клупски европски кошаркарски собир екипата на Фенербахче го нанижа третиот пораз во низа во топ 16 фазата од Макаби Тел Авив со резултат 91:73.

Топ 10 уживања

Атрактивните забивања беа во центарот на вниманието во синоќешната ноќ во најатрактивната кошаркарска лига. Во НБА топ 10 листата на два пати свое место избори и Коби Брајант, а приматот му припадна на Џеф Грин од Бостон Селтикс кој немилосрдно ја заби топката преку Џермејн О'Нил.

Стив Неш во топ 5 асистенти во историјата

Синоќешното додавање на ветеранот на Лејкерси до Ентоан Џејмисон го внесе во големата петорка на најумешни асистенти меѓу кои се наоѓа и легендарниот Меџин Џонсон.

Трите мајстории на Џордан

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс Деандре Џордан за само 40 секунди успеа да ја воодушеви публиката со три маестрални завршници под кошот на Голден Стејт. Сите три асистенции беа дело на најдобриот поединец на синоќешната победа за Клиперски, Крис Пол.

 

МЗТ со пораз ја стартува 2013

Актуелниот македонски првак не успеа славенички да ја започне новата година во регионалната АБА лига и загуби пред своја публика од Црногорскиот претставник Будуќност со резултат 69:76

Победа за Антиќ, пораз за Мекејлеб

Во второто коло од топ 16 фазата во кошаркарската Евролига, Мекејлеб со тимот на Фенербахче не успеа да стигне до триумф. Победа на домашен терен издвои нашиот интернационалец Перо Антиќ против турски Бешикташ.

Забивање на сезоната во НБА?

Има уште многу да се игра во НБА лигата, но Џеј-Ар Смит од Њујорк на натпреварот против Сан Антонио направи забивање кое влегува во потесна конкуренција за најдобро на сезоната.

Кога топката те сака

Пожртвувана средношколка не само што успеа да ја спаси топката од аут, туку постигна и тројка од неверојатна позиција.

Џексон се повреди со келнерка

Кошаркарот на Сан Антонио, Стивен Џексон на гостувањето кај Њујорк Никс ја претрпе една од најбизарните повреди во историјата на НБА. Тој мораше да го напушти теренот откако се сопна на келнерка која покрај паркетот го услужуваше градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.

Сеир за Грифин

Кошаркарите од клупата на Голден Стејт му удрија добар сеир на Блејк Грифин за неговиот очајно лош обид за три поени. На крајот Голден Стејт славеше со 115:94 и му го нанесе и вториот пораз на Клиперси по нивната фантастична серија од 17 победи.

Невозможно средношколско забивање

Виктор Дјукс од американско средно училиште од Арганзас стана хит на интернет со неговиот неверојатен скок и забивање. Да повториме: дечкото е средношколец!

ФИБА ќе ги менува кошаркарските правила?

На заседанието на техничката комисија на ФИБА кое ќе се одржи во јануари во Сингапур, ќе се разгледуваат предлози за промени на правилата на кошарката кои би влијаеле на атрактивноста на играта.

Грифин и камерманот

Блејк Грифин не беше многу расположен на паркетот за време на божиќниот натпревар против Денвер, но затоа пак беше расположен за зезање со еден од камерманите.

Дедо Мраз се повреди на натпревар на Чикаго Булс

Дедо Мраз привремено го прекина доставувањето пакетчиња додека ги санира повредите здобиени при неговиот обид да забие на божиќниот натпревар во НБА помеѓу Чикаго и Хјустон.

Евролига ТОП 10

Евролигата ги избра најдобрите 10 моменти од досегашниот тек на најелитното клупско кошаркарско натпреварување. На првото место е забивањето на Боби Браун од Монтепаски.

Тренерот на Филаделфија им купи сендвичи на 18.000 навивачи

Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.