Ако му веруваме на графитот ФК Искра, тогаш се работи за видео од црногорската прва лига. Многу ни е криво што не успеа да даде гол, да видиме како се радува.
Кошарката им е во крвта на луѓето на нашиве простори и не случајно Југославија е петкратен светски шампион, исто како САД. За овој спорт последниве години има многу даскали од кај нашите соседи кои го знаат занаетот и кои царуваат во европската кошарка.
Антиќ и Фенербахче паднаа во најтешката од четирите групи во Евролигата, а нашиот кошаркар ќе се врати меѓу навивачите кои сакаат кај нив да ја заврши кариерата.
Човекот задолжен за македонската кошаркарска селекција се појави во студиото на СОС каналот со маица од белградскиот хип-хип состав Прти Бее Гее и откри дека рапот го мотивира во работата.
Откако успешно ги мина медицинските прегледи кои покажале дека е во одлична форма, Перо Антиќ се потпиша на договорот според кој 2 години ќе игра за Фенербахче.
На денешен ден пред 20 години кошаркарската репрезентација на Југославија ја освои европската титула во Атина и стана првата селекција што се качила на сега веќе култната тераса во Белград.
Еден од најталентираните млади хрватски кошаркари, Драган Бендер не игра на Мундијалот за играчи до 19 години во Грција поради марката на патиките и личните суети на луѓето од сојузот и неговиот менаџер.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Својата втора сезона во НБА Перо ќе ја памети по тоа што играше за вториот најдобар тим во лигата кој во регуларниот дел од сезоната имаше 60 победи и 22 порази, како и по тоа што стигнаа до финалето на Источната конференција. Антиќ на Оклахома им збрца рекордни 22 поени.
Откако медиумите објавија дека Перо Антиќ се враќа во Европа и потпишува за Фенербахче, веста на својот профил на Твитер ја потврди и неговиот менаџер.
Србите овој месец станаа Светски прваци во фудбал за играчи до 20 години, а синоќа жените им донесоа Европска титула во кошарка (Ние едно време во ракетно моделарство бевме најдобри). МВП на првенството е симпатичната Ана Дабовиќ која чува лабело под дресот.
Симпатичните и атрактивни девојки кои се грижат за забавниот дел за време на паузите на секој натпревар се бираат секоја сезона по пат на аудиции. Хокси ги претставија новите 30 за сезоната 2015/2016 во која сè уште не знаеме дали Перо Антиќ ќе биде дел од неа.
Доволно е да си висок, добро граден и да кажеш дека Јута Џез те избрала како 42. пик на драфтот. Ќе те частат кај и да влезеш, девојки ќе ти даваат број и ќе ти нудат дружба. Само затоа што си „пик“ на драфтот а тие слепо ти веруваат.
Карл-Ентони Таунс допрва ќе треба да докажува зошто неговото име ќе остане запечатено како прв пик на драфтот во 2015-та. Ние ќе се потсетиме на драфтовите кои ги извадија кошаркарите поради кои имаме неспиени ноќи.
На синоќешниот НБА драфт Минесота Тимбервулфс го одбра Карл Ентони Таунс, Лејкерси очекувано се договорија со Д'Анџело Расел од Охајо Стејт. Хезоња одбран од Орландо, а Порцингис од Њујорк.
Со почеток во 1 часот после полноќ започнува НБА драфтот на кој хрватската кошарка е пред историски настан, затоа што младиот Марио Хезоња би можел да го сруши рекордот на Дарио Шариќ од лани.
30 години од првата титула со Лејкерс и 24 години од јавната објава дека боледува од СИДА, денес поранешната НБА ѕвезда е претприемач со енормен успех кој учествува и во политичкиот живот на САД.
МВП играчот на финалната серија од НБА лигата има различни патики за секој ден. Рафтовите му се полни, а за некои од нив дава објаснување зошто ги купил. Има и џорданки.
Ако Двејн Вејд се обидува да блефира за да добие нов, побогат договор од Мајами Хит, тогаш тој и татко му прават навистина добра стратегија, но ги загрижуваат навивачите на франшизата каде игра 12 години и освои 3 титули.
По пауза од четири децении кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го подигнаа пехарот во најелитното кошаркарско првенство во светот. Сезоната ќе ја паметат по многу нешта, особено нивниот лидер и МВП на сезоната Стефон Кари. Еве девет од нив.
Општина Аеродром соопшти дека ќе почне со бојадисување на училишните фасади како дел од подготовките за новата учебна година. Но случајно или намерно изборот на бојата им е контра на боите на графитите кои ги користат Фемили Аеродром и кои се симбол на клубот.
Селекторот Александар Џикиќ денес и официјално го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за натпреварите од ЕП против Хрватска, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.
По финалната серија од плејофот во Грција, каде дојде да ја прослави титулата на Олимпијакос, Перо Антиќ вечерва славеше и во Белград, каде Црвена Звезда го совлада Партизан 58:54 во финалето од плејофот.