Регуларниот дел од сезоната во НБА заврши, сите се спремаат за новата, но кошаркарот на Оклахома Тандер и натаму не размислува само за кошарка. По непријатностите во Букурешт, рефлекторите повторно светат кон Енес Кантер кого Турција го гони.
„Тоа беа трите најапсурдни денови во мојот живот“, изјавил Кантер во десетина интервјуа по враќањето во САД кои ги смета за свој дом.
Но тоа што му се случи во Романија е ништо во споредба со тоа што ја чека 11-та на Оклахома. Според турскиот “The Daily Sabah”, провладин весник во Турција, властите издале налог за апсење и потерница во Интерпол за некогашниот репрезентативец.
Обвинет е дека е член на терористичка група и се бара од Интерпол да го уапси каде и да го лоцира. Но Кантер делува релаксирано затоа што знае дека во САД нема да има никакви проблеми. На веста која што ја пишал новинарот Назиф Караман, Кантер на Твитер иронично коментира и се смее.
Yakalayamazsıııın!!!
— Enes Kanter (@Enes_Kanter) May 26, 2017
Hahaha 😂😂
Boşuna yorulmayın.
Hepinizin o çirkin, nefret dolu suratlarınıza tükürmeye zaten kendim geleceğim. pic.twitter.com/hw0LUp4MNo
Налогот за апсење стигннува откако турската влада наводно ги следела пораките од неговиот мобилен телефон и преку апликацијата ByLock (ја нема на Play Store) открила дека бил дел од пучистите на Фетулах Ѓулен. Преку оваа апликација, турските служби откриле преку 40.000 следбеници на Ѓулен кои наводно го извршиле воениот удар минатиот 15. јули.
Вкупно 48.636 луѓе завршиле во притвор а 149.833 лица се предмет на истрага.
Неговиот татко Мехмет Кантер пред неколку месеци изјавил дека се одрекува од синот после неговите релации со движењето на Фетулах Ѓулен. Тој рекол дека неговиот син Енес бил хипнотизиран од движењето ФЕТО и дека и се извинува на турската јавност што има таков син“.
Мехмет Кантер изјавил и дека од 2015-та година не комуницира со син му. Кошаркарот лани изјави дека целото семејство се откажало од него, но дека тој нема намера да престане.
„Денес ги изгубив мајка и, татко ми, браќата и сестрите, семесјтвото и сите роднини. Татко ми побара од мене да го сменам презимето. Мајка ми која ме родила се одрекна од мене. Браќата и сестрите со кои растев ме игнорираат, роднините не сакаат да ме видат. Јас би ги жртвувал сите нив за вербата во Ѓулен. Мојата љубов за Ѓулен е поголема од љубовта за мајка ми, татко ми, браќата и сестрите“, изјави Кантер откако дозна дека семејството се откажало од него.
„Јас сум добар, но во исто време не се чуствувам мирно затоа што мојата приказна завршува добро, но во најголем дел од случаевите работите не одат така“, изјавил Кантер на прес-конференција во САД.
Енес вели дека во САД наишол на добар прием и голема поддршка од сите кои му гарантирале заштита и безбедност, но се прашува што ќе прават сите оние кои се прогонувани од режимот.