Кошарка

Забивање на годината во НБА?

„Немав забиено преку три години“, изјави Ражон Рондо после мечот против Никс на кој за малку обрачот не му остана во рака. Рондо имаше голем удел во триумфот на Кингс со 16 поени, 12 асистенции и 9 скокови, а неговиот соиграч Квинси Ејси имаше интересна реакција на клупата.

Гарнет бил стар?

Иако неговата Минесота минимално загуби од ЛА Клиперс, Кеј Џеј покажа дека не е за старо железо. Особено кога го залепи како постер Блејк Грифин.

Доживотен договор за Леброн од Најк

Суперѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс е првиот спортист кој потпишал договор со спортскиот бренд до крајот на животот.

Стречерси број 2

Втор дел од првото македонско веб шоу со анализи за НБА. Темата овој пат е: пензијата на Коби; Голден Стејт Вориорс и како стигнаат до рекорден старт од 20 - 0; спорадично за користење подлактица; за последниот НБА драфт; разочарувањата од Западната конференција. Ако ти е до НБА, ќе се изненадиш каков квалитетен муабет ќе направат.

16 милиони долари за 22 промашени слободни

Ако Портланд Трејл Блејзерс може да биде задоволен од нешто во поразот од Клиперс, тоа е што докторираа на темата како да го застанеш ДеАндре Џордан. Човекот што годишно заработува 16,69 милиони долари промаши 22 слободни од 34 обиди на еден меч.

Само еден човек направи повеќе пари од Коби во НБА

Легендата на Лејкерски која води во НБА по заработка од 2010-та, ќе се пензионира на крајот од оваа сезона со над 328 милиони долари добиени само од плати. Тоа го прави втор најплатен кошаркар во историјата.

Сите 81 поени на Брајант против Торонто

Третиот најдобар стрелец во историјата на најсилната кошаркаска лига во светот денеска и официјално ја најави својата пензија, а за неговиот шут најдобро знаат кошаркарите на Торонто. Видеово е растур систем во 3 минути.

За кого навива Коби Брајант во фудбал?

По тешката повреда на тетивата пред две години, ѕвездата на Лејкерси беше во Милано на гости во својот омилен фудбалски клуб. Во тренинг центарот на Милан му продолжи рехабилитацијата, а покажа дека во добра форма го одржува и италијанскиот јазик.

Од рекордер до лидер по најмногу промашени обиди во НБА лигата

Коби Брајант и официјално го најави своето пензионирање од кошарката по крајот на оваа сезона, а за овој спорт придонесе со 1.292 меча, 47.144 минути и 32.670 поени. 37 годишниот Брајант е првиот бек со 20 НБА сезони и прв кој играл 20 години во една екипа.

Картер од кош на кош против Атланта

Ветеранот Винс Картер фати една топка под својот обрач на мечот против Атланта и го погоди противничкиот кош преку цел терен. На крајот сепак славеше поранешнот тим на Перо Антиќ.

Окафор враќа на улични провокации

Најдобриот кошаркар на Филаделфија ’76, Џалил Окафор (18,4 поени по натпревар) уште еднаш покажа дека не трпи многу да му трубат за очајните игри на Сиксерси во НБА лигата.

Договорот кој го натера Шекил да не игра фудбал

Џон Конкак беше резерва на Атланта Хокс десет сезони, а неговиот договор во време кога немало интернет, Шекил О`Онил воопшто не го сфатил и решил фудбалот да го заменил со кошарка.

Драмонд од седма мајка

Центарот на Детроит Пистонс, Андре Драмонд во моментов е најдобар НБА скокач со просек од 5,9 офанзивни скокови по натпревар. Колку може да биде упорен најдобро се виде на средбата против Милвоки Бакс.

Најголемиот број на чекори во НБА лигата

Кога Патрик Јуинг на Ол Старот 1998-ма покрај толку ѕвезди на паркетот не можеше да постигне кош, му дозволија да направи трочекор. Кармел Ентони ги помести границите.

Куцањето ретко знае вака да боли

Ако не ви е јасно за што зборуваме погледнете го забивањето на Алекс Појтрес кој игра во америнската колеџ лига.

Филаделфија не може да победи ни со 6 играчи

Сиксерси сезонава во НБА лигата имаа 0 победи и 12 порази, а кога веќе не им оди почнаа со иле.

Минути со Џејсон Вилијамс

Забавата со непредвидливиот плејмејкер со топка во НБА лигата, заврши во 2011-та кога се пензионираше во Мемфис, а најдолго ја забавуваше публиката на Сакраменто Кингс. Синоќа дувна 40 свеќи, а ние ја избравме најдобрата компилација со негови потези.

Шекил без панталони во студио, Кари ќе погоди и со машина за перење

Минатата и тековната недела донесоа доста необични моменти во најдобрата светска кошаркарска лига.

Никогаш не се предавај

Две години и два месеци откако во Унгарија при патување со својот тим Ѓер доживеа сообраќајна несреќа после што и ја ампутираа левата нога, Наташа Ковачевиќ со протеза се врати на паркетот и повторно заигра кошарка.

10 најубави забивања по избор на Шекил

Шекил О'Нил веќе некое време работи како аналитичар на НБА случувањата во емисијата Inside the NBA на каналот ТНТ, каде повеќе прави циркуз отколку што се занимава со анализи. Еве го неговиот избор за ТОП 10 забивања на неделата.

Луди завршници во НБА

Трипл-дабл на Рондо, продолжување на серијата на Филаделфија со осми пораз по ред и неколку натпревари решени во последните секунди е епилог на лудата ноќ во НБА лигата.

Самарџиски и твитот на Мишко

Македонскиот репрезентативец од денес е нов член на турскиот прволигаш Бујукчекмече, а како обично одат работите, трансферот на Твитер необично го најави неговиот агент и сопственик на Мега Лекс, Мишко Ражнатовиќ.