Кошарка

Највисоките тополи во НБА денес

На времето знаевме за Романецот Мурешан кој со своите 2,34 беше највисокиот кошаркар кој играл во НБА лигата. Денес нема толку, но има приближно високи кошаркари во најдобрата лига на светот.

Солзи радосници за Шекил

Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.

Како Пипен загубил 1,4 милиони долари

Соработниците на Скоти Пипен силно го уверувале да го ангажира познатиот финансиски советник Роберт Лун. Епилог на приказната: Пипен е пократок за 1,4 милиони долари, а Лун три години во затвор.

Тренерот кој различно се поздравува со сите

Помошниот тренер на кошаркарската екипа на Витман колеџот, Стивен Гарнет е популарен во градот Вала Вали во Вашингтон по тоа што пред секој меч различно се поздравува со своите играчи.

Акција на годината

Диџеј Стефенс од Ајова Енерџи тимот кој се натпреварува во НБА развојната лига, ја круниса акцијата на годината во оваа дивизија. Постигна 26 поени и беше најзаслужен за триумфот над Форт Вејнд од 108:105.

Грег Поповиќ: Боби е најсебичниот играч што сум го видел

Иако даде 19 поени за 14 минути со 4 скока и една украдена топка, високиот Бобан Марјановиќ беше суптилно критикуван од неговиот тренер. „Тој е еден од најсебичните играчи кои сум ги видел. Шутира баш секој пат кога ќе ја добие топката. Неверојатно! Утре треба да им се извини на соиграчите што е толку алчен. Сè прави само да го види своето име во весник", се насмеа и во свој стил се пошегува Поп со новинарите.

Кој каде тера во кошаркарска Европа

Новоформираната Лига на шампиони во кошарка има тапа буџет во однос на тоа што го има Евролигата, но таа нуди на пример 100.000 евра за секој што учествува, што не е мала пара за наш клуб. Нашите и дадоа поддршка, но во АБА лигата има раскол на таа тема.

Цепелинот на Мирза и Фрејзер на МЗТ - Работнички

Јане крцат, Бојси грмат од гостинскиот сектор, а Фамилијата од својот коп поведува песна која што ја прифаќа цела сала. Во еден момент Мирза му фрла цепелин на Фрејзер за ерупција во „лименката“. Скопје има(ше) градско кошаркарско дерби какво што ретко кој главен град во Европа има.

Како да се вратиш од 12 разлика за 31 секунда?

Екипата ти губи 12 разлика и има посед на 44 секунди пред крајот. Помирен си со пораз и си бркаш друга работа, несвесен дека разликата на противникот почнува да се топи со неверојатна пресија.

28 години, 28 тројки на Кари

Синоќешниот роденден, Стефон Кари го прослави со 60-та победа на 66 меча сезонава во НБА лигата и најава дека ќе го брка рекордот на Чикаго Булс кој броеше до 72. Во 2012/2013 постави рекорд во НБА со 272 тројки. Во 2014/2015 постигна 286, а оваа сезона до сега има постигнато 322. Еден од најдобрите шутери во НБА држи рекорд и на постигнати тројки на 136 натпревари по ред. А сега најдобрите 28 тројки на едно место.

Забивање во САД, Кина, Европа и Филипини

Си биле Американец, Кинез, Европеец и Филипинец. Виц нема да ви раскажуваме, а сепак ќе се смеете на глас.

Шутирај од таму колку сакаш, Кари верзија

Легендарната „Од таму шутирај колку сакаш" изговорена на средбата меѓу Македонија и Израел на ЕП 2009 е видео парче кое секогаш добро се лепи на лудите шутеви од тројка во последните секунди. Последната верзија е со рекордерот на тројки во НБА лигата.

Колку тројки ќе има Кари оваа сезона

Оклахома Сити е новата жртва на тројките на Стефон Кари кој синоќа постигна рекордни 12 на еден меч, а последната ја испали од далеку во последните секунди за победа од 121:118. Кари го сруши ланскиот рекорд по бројот на тројки во една сезона и еве до колку може да стаса ако продолжи вака.

Дете и ти ли скокаш по дома со тегови на нозете

Кејфер Сикс, 22 години, висок 180 см, игра во американската колеџ лига, а после овие две забивања ќе помислите дека скока од трамболина.

Како куца средношколец во Америка

Мелвин Ли е висок 165 см или пет сантиметри повисок од Магзи Бокс, а ова е неговото решение за тоа како треба човек на негова висина да заврши напад.

Како дебелкото од Мега Лекс стана ѕвезда во НБА

Кога едно неделно утро пиел кафе и отворил да чита весник, на светски познатиот кошаркарски агент му паднало во око името на некое дете кое давало по 30 коша во јуниорските категории. Решил да го ангажира, а денес малиот игра во НБА.

Ги паметите ли Магзи Богс и Мануте Бол?

Како никогаш и никаде претходно, во исто време во една НБА екипа играа највисокиот кошаркар после Мурешан во НБА и најнискиот во историјата на оваа лига.

Баркли го набуцка, па Шек заби во чевли и одело

Чарлс Баркли и Шекил О’Нил беа доста активни за време на Ол Стар викендот. Во еден момент ставија кладба, т.е. Баркли тврдеше дека Шек (43) е стар, дека има многу килограми и дека не може како порано, на што гигантот одговори на паркетот.

369 поени и спектакл од тројки и забивања

Најдобрите светски кошаркари од Западната конференција во НБА ги совладаа колегите од Истокот 196:173 во мечот кој го одбележаа неколку рекорди и опростувањето на Коби Брајант.

Што ти е старост во улога на Ти-Мек

Трејси МекГрејди беше суперѕвезда во НБА во раните '2000-ти кога даваше по 25-30 поени во просек за Орландо Меџик и Хјустон Рокетс. Викендов 36-годишниот Ти-Мек се појави на Ол-Стар мечот Селебрити и ја покажа разликата на младоста и староста.

Клеј Томпсон најдобар тројкаш, Лавин забивач

Кошаркарот на Минесота, Зак Лавин го победи најголемиот конкурент во натпреварот на забивања Арон Гордон од Орландо и втора година по ред ја освои титулата во ова шоу. Кај тројкашите, Томпсон го совлада клупскиот колега Стеф Кари.

Најдобрите 5 кошаркари на сите времиња

ЕСПН со помош на гласање на аналитичари ги одбраа најдобрите 100 кошаркари во историјата на НБА лигата. Нема дилеми околу првото место.

Ол Стар или седми меч од плејоф, за Коби нема разлика

65-от Ол Стар натпревар ќе се игра во недела на 14. февруари во Ер Канада центарот во Торонто, за првпат надвор од САД. На него по 15-ти, последен пат во кариерата ќе игра Коби Брајант.