Стеф Кари и Драјмонд Грин ги имаа најлошите учиноци во кариерите

Повеќекратниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс има сериозна резултатска криза па веќе нанижа 9 порази на последните 11 меча. Синоќа изгубија со страшни -51 поен разлика од Мемфис Гризлис а уште пострашен беше учинокот на нивните најголеми ѕвезди Стефон Кари и Драјмонд Грин.

Пазете ова: Стеф Кари го заврши мечот со само 2 поени и шут од игра 0/7 за два поени и 0/6 од игра за три поени. Дрејмонд Грин имаше 0 поени од 0/4 од игра за два.

„За сè има првпат, нели? Никогаш не би помислил дека би имал ваква ситуација или ваков резултат на натпревар. Од првиот скок, тие не прекршија. Немавме одговор. Срамно е“, рекол Кари.

Драјмонд Грин додал: „Проклетство, ова се случи? Срање. Лудо е... Тие одиграа одлично, дајте им пофалби“.

Вориорс во моментов има 14 победи и 12 порази и е на 10. место на Западната Конференција.

Од друга страна Мемфис Гризлис има 11 победи на последните 13 меча, игра во страшна форма и во моментов е на 2. место на Западот. Најефикасен во триумфот на Мемфис против Голден Стејт Вориорс синоќа беше шпанскиот репрезентативец Санти Алдама со 21 поен, 14 скока и 4 асистенции. Дури шестмина кошаркари на Мемфис беа двоцифрени.

20 декември 2024 - 12:41