Слукас даде луда тројка во Истанбул и избегаа директ во соблекувална

Кошаркарите на Олимпијакос победија 72:71 на гости кај Фенербахче со луд кош на поранешниот играч на турскиот тим, Костас Слукас и го вратија брејкот после домашниот пораз. Сега водат 1-2 во серијата во кој и следниот меч се игра во Истанбул. Слукас веднаш штом постигна тројка заедно со соиграчите истрчаа во соблекувална и таму славеа.

Интересно, на три секунди пред крај Марко Гудуриќ погоди за водство на Фенербахче а епитетот јунак на мечот го заработи Костас Слукас со споменатата тројка на секунда до крај: 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by S Sport (@ssporttr)

Најефикасен кај Олимпијакос беше токму Слукас со 25 поени, шест асистенции и четири скока. Саша Везенков, најдобриот играч во регуларниот дел на Евролига додаде 17 а кај Фенербахче Тајлер Дорси беше лидер со 21 поен. 

4 мај 2023 - 09:26