Шампионот Бостон е страшно јак, Тејтум ја прекина серијата на Лејкерс

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс синоќа го совлада ЛА Лејкерс 111:101 и ја прекина победничката серија на ривалот која траеше дури 8 натпревари по ред.

Џејсон Тејтум со страшен настап: 40 поени, 12 скока и 8 асистенции беше најзаслужен за триумф на Бостон Селтикс во НБА класикот. Неговиот ортак со кого го сочинуваат можеби најсилниот тандем во лигата, Џајлен Браун постигна 31 поен.

 Одличен беше и Ал Хорфорд кој уфрли 14 поени, со 9 скока и четири асистенции. Овој поранешен соиграч на Перо Антиќ од Атланта Хокс имаше и едно снажно забивање при кое несмасно го удри Лука Дончиќ со колената додека висеше на обрачот.

Кај поразените Лејкерси Лука Дончиќ беше на прагот од нов дабл-дабл учинок: постигна 34 поени и забележа осум скока и три асистенции за нешто помалку од 37 минути игра.

Леброн Џејмс уфрли 22 поени со 14 скока за дабл-дабл учинок, а имаше и девет асистенции па му фалеше само едно успешно додавање за да има нов трипл-дабл.

Треба да се напомене и дека Лејкерс играа без Леброн Џејмс во најважната фаза од мечот, во последниот период кога почнаа сериозно да ја топат предноста на Бостон Селтикс.

9 март 2025 - 11:22