Претседателот на кошаркарска федерација на проба за тренер во НБА?

Интересни вести од САД каде првиот човек на мак-баскетот Перо Антиќ престојува веќе некое време.

Главен тренер на Феникс Санс во моментов е познатиот Мајк Баденхолцер кој му беше тренер на Перо во Атланта Хокс кога после долги години конечно влегоа во плејофот, а Антиќ играше голема улога.

Сега Антиќ е гостин на Санс во летната лига, во опрема идентична како оние од стручниот штаб и не би чудело да остане како помошник тренер на „сонцата“, особено ако се знае дека главниот тренер најавил дека уште не му е комплетиран тренерскиот штаб.

Перо Антиќ на 15-ти марти 2023-та година доби нов 4-годишен мандат да биде претседател на КФМ откако беше поддржан со мнозинството гласови на изборната седница на федерацијата.

Како стојат работите, доколку остане да биде тренер во штабот на Феникс Санс, федерацијата веројатно ќе му биде поверена на друг. 

А Антиќ пред неколку дена објави фотографија со неговиот другар Немања Бјелица со кого играа во Фенербахче на која се гледа исто дека е во клупска опрема на Феникс Санс:

 

19 јули 2024 - 12:56