![](/files/styles/780px/public/offside/2025/02/13/439527-marej-so-luda-partija-od-55-poeni-nov-tripl-dabl-na-nikola-jokikj.jpg?itok=orXiHLZ-)
Денвер Нагетс со 128:114 го совлада Портланд Трејлблејзерс а овие два тима и пред две вечери играа меѓу себе и тогаш Денвер славеше, пред своите навивачи во Колорадо 146:117.
Џамал Мареј имаше неверојатна партија со 55 поени (7/15 за три поени). Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, 172. во НБА кариерата а 155. во лигашкиот дел, 25-ти сезонава.
Србинот уфрли 26 поени (11/20 за два, 0/3 за три поени) со 15 скока и 10 асистенции и две украдени топки.
Ваков поентерски учинок на Мареј го направи трет кошаркар во клупската историја на Денвер Нагетс со 55+ поени. Во 1978-ма година Дејвид Томпсон дал 73 поени а Никола Јокиќ пред само два месеци постигна исто неверојатни 56 поени. Мареј-Јокиќ се само четвртиот тандем во историјата на НБА кој постигнал 55+ поени во иста сезона.
Никола Јокиќ, пак, е трет во историјата на НБА со трипл-дабл учинови пред Ол-Стар викендот. Оскар Робертсон во 1961/1962 имал дури 28 трипл-дабл учиноци во сезоната пред Ол-Стар а Расел Вестбрук во 2016/2017 имал 27 трипл-дабл настапи.
Кај Портланд Трејлблејзерс Енферни Симонс беше прв стрелец со 26 поени и шест асистенции а Донован Клинген броеше до дабл-дабл учинок од 17 поени и 20 скока.