Мајами драстично го суспендираше Батлер

Мајами Хит се огласи во врска со нивниот лидер Џими Батлер кој веќе подолго време е незадоволен и сака да го смени клубот. Франшизата од Флорида соопшти дека го суспендира Батлер на седум натпревари поради недолично однесување кое му штети на тимот, особено во последните неколку недели.

Epa images
Epa images
Epa images

Мајами Хит потврдил и дека ги разгледува сите можности за негова трампа во друг клуб, нешто што е негова желба веќе извесно време. „Сакам повторно да најдам радост во играњето кошарка. Каде и да биде тоа, ќе дознаеме многу брзо. Надвор од теренот сум среќен но сакам повторно да бидам доминантен, сакам да играм и да му помогнам на тимот да победува, а во моментов не го правам тоа“, рекол Батлер.

Наводно Денвер Нагетс е заинтересиран да го доведе Батлер во своите редови.

4 јануари 2025 - 10:52