Лука Дончиќ ги распартали Клиперс, Далас со 30+ до 3:2

По неверојатно драмататичниот четврти натпревар кога Клиперс израмни на 2:2, Далас Маверикс синоќа возврати и на гостински терен славеше 123:93. Со овој триумф Мавси се на чекор од пласман во следна рунда.

Најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ кој постигна 35 поени со 10 асистенции и седум скока. Лидерот на Далас дури 20 поени постигна во вториот дел а урна и еден рекорд на легендарниот Мајкл Џордан. Имено ова беше дури 16-то гостување по ред за Дончиќ во плејофот во кое забележал најмалку 20 поени.

Досега рекордот со 15 меча на гости по ред во плејоф со +20 поени го држеше Џордан.

„Настинката ми ја отежна работата, а и коленото не ми е баш добро, но адреналинот е присутен кога се игра доигрување. Кога ќе почне, само сакаш да победиш“, изјавил Дончиќ после натпреварот.

Ова беше воедно и 20-ти натпревар на Дончиќ во плејофот со 30+ поени а претходно тоа им успеало само на великаните Коби Брајант, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум.

Лука имаше солидн аподдршка во Макси Клебер кој додаде 15 поени, а Кајри Ирвинг и Џејден Харди придонесоа со 14 уфрлени поени. Кај Клиперси кои забележаа убедлив пораз, први стрелци беа Пол Џорџ со 15 поени и 11 асистенции и Ивица Зубац со 15 поени. Очајна вечер имаа Џејмс Харден (2/12 од игра, 1/7 за три поени) и Расел Вестбрук (2/11 од игра за 16 минути на паркет).

Следниот дуел од оваа серија е во ноќта меѓу петок и сабота во Далас.

2 мај 2024 - 08:20