Лејкерс го доби Мемфис, Дончиќ и Леброн изведоа магични акции

Лос Анџелес Лејкерс со 134:127 го победи Мемфис Гризлис а јунаци на триумфот беа Остин Ривс кој беше најефикасен, како и суперѕвездите Леброн Џејмс и Лука Дончиќ кои направија неколку маестрални потези.

Epa images
Epa images
Epa images

Остин Ривс постигна 31 поен, 7 скока и 8 асистенции. Лука Дончиќ имаше 29 поени, 8 скока и 9 асистенции а Леброн Џејмс го заврши дуелот со 25 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Ривс кој игра најдобра сезона во кариерата, синоќа против Мемфис Гризлис постигна дури пет тројки. Сјајни улоги одиграа и Винсент со 15 поени, Хачимура со 13 поени и Фини-Смит со 11 поени. 

Леброн и Дончиќ покажаа дека создадоа врвен тандем и покрај многу скептици како нивниот дует ќе изгледа. На мечот со Мемфис имаа неколку врвни потези и едно сјајно забивање.

Интересно, вакво забивање, можеби уште поимпресивно во 2010-та година Леброн Џејмс имаше со Двејн Вејд кога играа во шампионскиот Мајами Хит.

Кај Мемфис Гризлис Дезмонд Бејн беше прв стрелец со 29 поени, 6 асистенции и 4 скока. Џерен Џексон додаде 24 поени, а Џа Морант уфрли 22 поени со 8 скока и 10 асистенции. Дабл-дабл кај Гризлис додаде 14 поени и 11 скока. 

Лос Анџелес Лејкерс со оваа победа стигна до 45 триумфи сезонава и го презеде 4-то место токму од Мемфис Гризлис кој сега има 44 триумфи и е на 5-то место на Западот. Во следното коло Лејкерс ќе го пречека Хјустон Рокетс а Мемфис актуелниот првак Бостон Селтикс.

30 март 2025 - 11:33