- Двократниот европски шампион РК Вардар 1961 вечерва ја продолжува европската одисеја во Европската лига на ЕХФ. Гостува кај Бенфика на старт на главната (втора) фаза од натпреварувањето откако првата ја заврши како лидер во групата.
- Црвено-црните пренесоа два бода во оваа фаза а Бенфика 0 така што скопскиот состав е во подобра позиција. Португалскиот гигант има одлична поддршка во својата сала и ќе биде тоа голем мегдан за Вардарци.
- Под водство на Иван Чупиќ ракометарите на Вардар 1961 играат фантастична сезона и се убедливо први во домашната Супер лига. Во новава година имаат три триумфи над Куманово, РК Бутел и РК Пролет а Бенфика забележа две победи и еден пораз.
- Кај Вардар 1961 се враќаат повредените Милан Лазаревски, Мигел Еспиња и Мамаду Кеита а тука е и новајлијата Жоао Педро од Бразил.
- Средбата се игра во 18:45 часот. Вечерва фудбалскиот клуб Бенфика пак ќе игра против Реал Мадрид во Лига на шампиони.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.