Јокиќ после лудиот рекорд: „Еден ден ќе легнам во кауч и ќе гледам што сум сторил“

Никола Јокиќ одигра рекорден натпревар со учинок каков што никој никогаш немал во НБА лигата. 31 поен, 21 скок и 22 асистенции имаше во триумфот на Денвер Нагетс против Феникс Санс. После натпреварот новинар го праша дали е свесен дека одиграл историски натпревар, Јокиќ во свој стил скромно вели:

„Не го одигравме добро минатиот натпревар против Сакраменто и мислам дека сега најдовме начин да победиме. Беше ова натпревар со многу поени, двата тима шутираа неверојатно добро и мислам дека беше едноставно само таква вечер“.

На констатација на новинарот дека ова никој никогаш не го сторил во НБА лигата и дека сите се држат за глава, Србинот додал:

„Да ви кажам дечки, мислам дека ова некогаш ќе го гледам и ќе го видам како некое свое наследство кое ќе остане тука кога ќе ја завршам кариерата. Кога имам натпревари на секои два дена, само гледам како да се одморам и да се опоравам. Ќе биде убаво кога ќе ја завршам кариерата, ќе се оптегнам на кауч и ќе помислам: „Имав баш добар натпревар“.

 

8 март 2025 - 08:23