Нов, неверојатен историски рекорд на Никола Јокиќ во НБА

НБА лигата уште еднаш му се поклони на големиот Никола Јокиќ кој синоќа на мечот Денвер - Феникс кој Нагетс го добија 149-141 после продолженија, имаше историски учинок каков што немал никој пред него.

Epa images
Epa images
Epa images

Никола Јокиќ постигна 31 поен со 22 асистенции и 21 скок за 45 минути, учинок каков што никој никогаш немал во НБА на еден натпревар. Ниту најголемите легенди на оваа игра. Србинот имаше плус уште три украдени топки, а главен беше и во продолженијата каде постигна или асистираше во седум од осум успешни напади на Денвер Нагетс.

Сомборецот постави нов стандард за трипл-дабл учинок а го урна и рекордот на Вилс Чембрлејн за најмногу асистенции од центар кој претходно беше на огромни 21 асистенција. Со САМО 3 слободни фрлања.

Никола Јокиќ кој е актуелен МВП на НБА и главен фаворит за оваа титула на свои 30 години во моментов е трет кошаркар на вечната листа играчи со најмногу трипл-дабл учиноци. Јокиќ има 159 трипл-дабли во НБА лигата. Лидер на оваа листа е неговиот соиграч, ветеранот Расел Вестбрук со 202.

Денвер Нагетс и Феникс Санс синоќа одиграа неверојатен натпревар во кој Нагетс имаше во еден момент и 21 поен предност во третиот период но „сонцата“ направија фуриозен камбек и се изборија за продолженија.

Јокиќ имаше голема помош во победата од Арон Гордон кој постигна 27 поени и личен рекорд од 7 уфрлени тројки. Кристијан Браун додаде 25 поени со по 5 асистенции и скока, Џамал Мареј имаше 19 поени и 8 асистенции, Мајкл Портер Џуниор 16 поени, 2 скока и 3 асистенции, Расел Вестбрук придонесе со 14 поени, четири асистенции и три скока, а Пејтон Вотсон имаше 11 поени и по две асистенции и два скока.

Кај Феникс Санс Девин Букер беше најефикасен со 34 поени, седум асистенции и шест скока. Кевин Дурент постигна 29 поени со девет скока и пет асистенции. Мејсон Пламли се избори за дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 скока. Ник Ричардс имаше 18 поени а Бредли Бил и Грејсон Ален по 11 поени.

Јокиќ синоќа го подобри многу својот сезонски просек па сега има просек од 28,8 поени по натпревар, 20.4 асистенции по натпревар, 1,8 украдени топки по натпревар. Претходно освои дури 3 МВП награди како најдобар играч со нешто послаби бројки од сезонскиве. И покрај сево ова, медиумите во САД пренесуваат дека во моментов Шеј Гилџес-Александер е фаворит за МВП наградата. Но после ова, пишува Јаху, после 30-20-20 на Јокиќ многумина би требало да го сменат мислењето за тоа кој треба да ја освои МВП наградата.

После овој натпревар, Денвер Нагетс е трет со учинок од 41 победа и 22 порази, а Феникс Санс се 11-ти со 29 победи-34 порази и мали шанси за разигрување за плејофот.

8 март 2025 - 07:01