Јокиќ феноменален, ама соиграчите шутираа очајно во нов пораз од Милвоки

Кошарката е колективен а не индивидуален спорт, а Никола Јокиќ дефинитивно нема поддршка од соиграчите каква што заслужува како трикратен МВП на НБА. Денвер Нагетс одново изгуби од тимот кој често знае како да ги совлада.

Никола Јокиќ го забележа дури 27-от трипл-дабл учинок сезонава (најмногу трипл-дабл учиноци во сите негови МВП сезони) но неговиот настап не беше доволен да се победи Минесота Тимбервулвс.

Јокиќ одигра 38 минути и постигна 32 поени со 14 скока и 10 асистенции и една украдена топка. Шутираше 13/16 од игра (1/2 за три поени). Немаше поддршка од соиграчите кои погодија само 9 тројки од 34 обиди (26,5 одсто успешност). Мајкл Портер Џуниор уфрли верувале или не 5 од 22 шута а Џамал Мареј 9/20. Расел Вестбрук и Ерон Гордон шутирале 8/26 заедно што е мизерен учинок.

Гркот Јанис Адетокумбо со 28 поени, 19 скока и 7 асистенции беше најефикасен во победничкиот тим на Милвоки Бакс. Брук Лопез додаде 22 поени, Дамјан Лилард 19 поени, Кајл Кузма 16 поени, Гери Трент 15 а Торен Принс 10 поени.

Кај Нагетс Џамал Марај стигна некако до 20 поени, Кристијан Браун имаше дабл-дабл учинок со 13 поени и 10 скока а Џулијан Стротер и Мајкл Портер Џуниор запишаа по 12 поени. Двоцифрен на крајот беше и Расел Вестбрук со 10 поени, шест скока и пет асистенции.

Денвер Нагетс е трет на табела на Западот со учинок 38-21, а Милвоки Бакс е на 5-то место на Истокот со 33 победи и 25 порази.

Јокиќ има феноменална сезона, но шансите на Денвер за титула зависат од друг играч

Лука почна со лудачките тројки, татко му се чудеше

Експлозија на Стеф Кари со 56 поени и 12 тројки

28 февруари 2025 - 09:32