Харден од јунак до трагичар, Голден Стејт зголеми на 2-0 против Хјустон

Џејмс Харден постигна 38 поени, но во последните секунди се сплетка и пропушти голема шанса на Хјустон да му донесе победа во Оукленд против Голден Стејт Вориорс.

ГОЛДЕН СТЕЈТ - ХЈУСТОН 99:98 (2:0)

Најдобриот играч на Рокетс сезонава одигра неверојатна партија и беше најзаслужен што Хјустон синоќа се врати по -17 поени негатива. Во првиот натпревар, Голден Стејт заостануваше 16 поени во втората четвртина, а синоќа во тој период имаше дури 17 поени предност пред 19.596 навивачи.
 
Харден одигра неверојатно, го врати Хјустон во игра, но после промашувањето на Барнс тргна во контра, се најде меѓу Кари и Томпсон и ја загуби топката во последниот напад.
 
 
Харден ја заврши средбата со 38 поени, 10 скокови и дури 9 асистенции. На другата страна, Стефон Кари уфрли 22 поени, 3 скокови и 6 асистенции. Двајт Хауард се врати кај Хјустон после повредата на коленото, но одигра одлично со 19 поени и 17 скокови. Кај Воините, Ендрју Богут запиша 14 поени, 8 скокови, 4 асистенции и 5 блокади.
 
Клеј Томпсон забиваше од бес:

Стефон Кари со ели-ап до Богут: 
 
 
Следните два дуели се играат во Хјустон, а следната е во ноќта меѓу сабота и недела.