Главна јапонска гимнастичарка не оди на Олимписки Игри поради цигари и алкохол

Деветнаесет годишната јапонска гимнастичарка и капитен на женската гимнастичарска репрезентација на Јапонија Шоко Мијата е исфрлена од селекцијата и нема да патува на Олимписките Игри во Париз.

Мијата го прекршила строгиот протокол поврзан со конзумирање цигари и алкохол, стои во соопштение на Јапонскиот гимнастичарски сојуз (JGA).

Шоко Мијата во четвртокот била принудена да го напушти кампот на јапонската гимнастичарска селекција во кнежевството Монако и да се врати во Токио каде се повела истрага за нејзините прекршоци.

Мијата признала дека летово запалила по некоја цигара и се напила некоја чашка алкохол иако тоа е забрането со закон за лица под 20 години во Јапонија.

Селекторот на репрезентацијата Мутсуми Харада застанал во нејзина одбрана и рекол дека иако нејзиното однесување е непромислено, тој ја разбира затоа што била под преголем притисок во пресрет на Летните Олимписки Игри.

„Таа деновите ги минуваше оптеретена со толкав притисок... Би ги замолил луѓето за разбирање“, рекол селекторот кој дури и заплакал поради целиот случај.

Мијата е актуелна државна шампионка во гимнастика на Јапонија. На Светско првенство во Ливерпул 2022 освоила бронзен медал на греда, а петто место завршила во вишебој.

Челниците на Јапонскиот гимнастичарски суд јавно се извиниле пред јавноста за неприликите со целиот случај:

Јапонската машка гимнастичарска репрезентација освои злато на Олимписките Игри во 2016-та година а жените последен пат освоиле екипен медал во 1964-та година кога завршиле трети.

Уметничката гимнастика е еден од најпопуларните спортови на Летните Олимписки Игри кои сега ќе се одржат во Париз од 27-ми јули до 5-ти август.

19 јули 2024 - 13:22