И кога сме кај зборот деценија, ова е фактот што треба да го знаете. Точно една деценија откако цврство решија дека ќе биде тогаш и таму, еве што се случува сега со тогашните членови на извршниот комитет на ФИФА.
Пред 10 години, 22 лица гласаа за доделување на СП 2018 и СП 2022 на Русија и Катар. 15 од нив сега имаат доживотна забрана за работа во ФИФА, суспендирани се, затворени или се борат против екстрадиција во САД каде треба да се соочат со обвиненија. Само еден од нив уште работи во ФИФА.
This, from last year is a nice little ‘where are they now’ summary of the people who were tasked w that WC host vote as well as all the other important decisions made in the game. Why we as fans allow these ppl to run the game instead of us, or at least alongside us, astounds me pic.twitter.com/5ttEyHJ0hK
— Eli (@ElMengem) December 2, 2020
Ова беше првиот проблем во кој за одржување на Мундијалот во Катар пресуди корумпираноста. Вториот лежи во нечовечноста на домаќинот. За да се исполнат апетитите на алчните катарски милијардери, од 2009-та до 2019-та загинале 1.426 работници од Непал од кои 522 од срцев удар.
Нивните трагични судбини може да ги видите во тајно сниман документарец.