Се вика Реј Кастолди. Од 1989-та година работи како што го викаат Американците стадионски организатор. За време на натпреварите на Њујорк Ренџерс и Њујорк Никс во НБА тој е задолжен за најавната музика и онаа на прекините, тајм-аутите и слично. Го викаат „Фантомот од Гарден“ зошто никој никогаш не го гледа во „Медисон Сквер Гарден“.