Неколку часа откако снимката почна да се шири на интернет, се огласи и КК Црвена Звезда. Нивното оправдување е дека заради големата гужва пред почетокот на натпреварот, гледачите биле пуштани да влезат без да ги евидентираат своите влезници кои им биле одземани, па потоа редарите им ги отчитувале картите.