„На тренинг никој, ама апсолутно никој не сакаше да игра со Мајкл Џордан. Единствено Скот Барел запнуваше да одиграат барем еднаш секој ден. Стив Кер се забавуваше додека ги гледаше тие нивни дуели и не можеше да верува колку е Барел упорен ама и глуп. Дури и го охрабруваше да продолжи да се труди и дека кога тогаш победата ќе дојде сигурно.
На еден тренинг Барел бил на граница да го победи, имал топка за победа. На крајот Мајкл пак го совладал. После таа партија Скот веднаш барал реванш.
Големиот Мајкл кој и онака веќе бил сит од него, му рекол:
„Очигледно е дека би сакал да играме пак и пак, и пак, и пак, и пак. Сè така за да еден можеш да им збориш на внуците како еднаш си го победил Мајкл Џордан. А што по ѓаволите јас да им раскажам на моите внуци? Како секој ден го победував Скот Барел?“.
Ова е пасус од книгата на Роланд Лазенби „Живот“ која што го прати животот и кариерата на најголемиот на сите времиња.