Пеликанс се договориле за соработка со еден од локалните медицинските центри во Луизијана откако гувернерот Џон Бел Едвардс ги објаснил правилата на вакцинација. Согласно официјалната изјава, може да си вакцинира секое лице постаро од 16 години чија здравствена состојба одговара на еден од 12-те услови.
И покрај тоа што поголем дел од НБА играчите немаат проблеми со тежина, тие спаѓаат во категорија на лица со Индексна маса на телото од 25. Но според луизианските власти, кошаркарите имаат крупна габаритна маса и развиена мускулатура и можат да примат вакцина.
Во Њу Орлеанс Пеликанс некои се вакцинирале но некои играчи и тренери одбиле. Тоа одново ја врати темата дека многу кошаркари не веруваат во официјалните верзии на властите и се плашат од вакцина.
НБА ПОДДРЖУВА ВАКЦИНАЦИЈА НО НЕ Е СПРЕМНА ДА ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ИГРАЧИТЕ
Позицијата на НБА за вакцинација е дека играчите треба да имаат право на избор. Комесарот на лигата Адам Силвер неколку пати ги поддржал сите кои сакаат да се вакцинираат, но сега смета дека тоа е лично прашање на секој поединечно.
НБА будно го следеше процесот на вакцинација на легендарните центри Бил Расел и Карим Абдул-Џабар. Во меѓувреме Двајт Хауард во живо на Инстаграм рекол дека не верува во вакцини и дека е антиваксер. Теренс Дејвис исто зазел страна на вакцинациски дисиденти, а Леброн Џејмс кој има мислење по секое прашање, овојпат решил да биде неутрален. „Ќе го разгледам тоа прашање со семејството. Тоа е приватна работа“
СТЕН ВАН ГАНДИ: „НЕМОЈ СЕГА ДА СЕ ЧУДИТЕ ЗОШТО ЦРНАТА ЗАЕДНИЦА Е СКЕПТИЧНА ЗА ВАКЦИНИ“
Еден од најлегендарните тренери во НБА, стратегот на Њу Орлеанс Пеликанс решил да ја појасни ситуацијата со одбивањето на некои играчи да се вакцинираат.
„Не би сакал моите зборови да звучат двосмислено, но должни сме да разбереме од каде доаѓа недовербата кон медицинската наука особено од страна на црното општество.
Како држава, како владеачки кругови, сме направиле доволни лоши нешта. Сега се појавуваат тие кои ги памтат тие експерименти и сите тие работи кои ги спроведувале над темнокожите луѓе без нивна согласност.
Тоа не придонесува за доверба. Вие може да се согласите со тоа или не, ама треба да ги разберете“.
Тренерот Ван Ганди ја објаснува незаконската вакцинација над афроамериканците на времето, предизвикана од дискриминаторски ставови на расна основа.
ВО ХХ ВЕК НАД ЦРНИТЕ ЛУЃЕ СЕ СПРОВЕДУВАЛЕ НЕЗАКОНСКИ ЕКСПЕРИМЕНТИ И ТИЕ ПАМЕТАТ
Најпознат експеримент бил „Студијата на нелекуван сифилис кај црнци во градот Таскиги (Tuskegee Study of Untreated Syphilis in the Negro Male). Експериментите траеле од 1932 до 1972 година и бил сопрен откако The Washington Star и The New York Times објавиле статии во кои разоткриваат сè.
Истрагата довела до санкционирање на Службата за јавно здравство на САД и државните Центри за контрола и превентива.
Во 1932 година во државата Алабама под надзор на лекари биле околу 600 афроамериканци кои обработувале полиња. Им била ветена квалитетна медицинска помош од страна на државата. Организаторите криеле дека 399 мажи биле заразени од сифилис.
Цели 40 години ги набљудувале здравите и болните лица и ги запишувале сите фази на болеста. Притоа за „појасен“ експеримент решиле да ги кријат дијагнозите и да не лекуваат.
До 1972 година од 399 првично болни, преживеале само 74 лица. 28 умреле од сифилис, 100 од влошена здравствена состојба, 40 жени-испитанички биле заразени. Наследна болест се јавила кај 19 деца на настраданите.
Објавата на оваа сеопфатна истрага во весниците ја шокирала јавноста во САД. И покрај тоа што нехумани испитувања имало и претходно на луѓе од разни раси (најчесто затвореници), овој случај ја преполнил чашата на затегнатите односи меѓу црната заедница и државната медицина
Афроамериканците од тогаш престанале да им веруваат на властите и го сочувале стравот од доктори со неколку генерации понатаму. Таа недоверба трае до ден денес во Америка.
Во една дискусија на Reddit која се разви со изјавата на тренерот Стен Ван Ганди (кој собра повеќе од 3.000 лајкови), највпечатливо звучи една изјава на афроамерикански навивач на Чикаго Булс.
„Како црн човек можам да ги разберам црнците од сиромашни семејства кои скептички се однесуваат кон иницијативи од државата. Меѓутоа овие спортисти кои се милионери и можат да зборуваат со најумните луѓе на планетата, ако се земе предвид дека повреди, операции и други процедури регуларно решаваат со најдобрите достигнувања на современата медицина и од прва рака имаат информации за нејзината добровит, овојпат се против сите достигнувања на науката.
Сметам дека со оглед на нивното влијание во општеството, сега нивниот став изгледа брзоплет и разочарувачки“.