24-ти сезонски трип-дабл за Никола Јокиќ, промаши шут за победа во последна секунда

Во дербито на вечерта, ЛА Клиперс го совлада шампионот Денвер Нагетс 102:100 иако првакот имаше во еден момент дури 17+ поени предност.

Со нова фасцинантна партија - 36 поени, 17 скока и 10 асистенци Јокиќ го забележа 24. трипл-дабл сезонава и дури 129-ти во кариерата. Сега Србинот е четврти на вечната листа на кошаркари со најмногу трипл-даблови. Јокиќ заостанува девет вакви учиноци зад легендарниот Меџик Џонсон.

Во регуларниов дел од сезоната Домантас Сабонис има 26 трипл-дабл учиноци од 76 меча, Јокиќ 24 од 74 меча досега.

Јокиќ притоа пред крајот на третиот период ја премина границата од 14.000 поени во НБА.

Со погодена тројка на 30 секунди пред крајот намали на 102:100 а ов последната секунда со звукот на сирената не погоди нов обид за три поени и победа преку рака на играчот кој го чуваше.

Кај победникот ЛА Клиперс кој со овој триумф сега има 48 победи и 28 порази, најефикасни беа Пол Џорџ со 28 поен (шут од игра 10/21) и Џејмс Харден кој забележа 20 поени со осум асистенции но преслаб шут од игра (6/23 за два и 2/13 за три). Хрватот Ивица Зубац додаде 14 поени со 15 скока.

Денвер Нагетс во првиот период имаше фантастични 17+ поени предност но до крајот на првиот дел домаќинот се врати во игра и дури и поведа. Во третиот период ЛА Клиперс имаше 75:70 а на крајот славеа 102:100 благодарение на четирите погодени слободни фрлања на Ивица Зубац.

Standings provided by Sofascore
5 април 2024 - 09:14