Дечки оптеретете ги звучките, а ако сте на работа, напрајте 2 минути пауза. Време е за претставување на најдобрата, најпопуларната и најмангупска кошаркарска банда предводена од ненадминливиот Мајкл Џордан. Моќната музика, спикерот, ликовите, амблемот, тренерките. Антологиско ретро на кое никогаш не престанавме да се дразниме.
Одиме прво со шестиот натпревар од финалето 1997 против Јута Џез
А ако сакате и две години порано или 24 март 1995-та кога Мајкл се врати после повлекувањето во 93-та. Овој меч е против Орландо со Шек, Пени Хардавеј и Хорас Грент.