Кец у два

Македонија брка изненадување на Европското првенство

Ракометните стручњаци и кладилниците се согласни дека женската репрезентација на Македонија е аутсајдер на Европското првенство, но нашите девојки ќе се потрудат да им ги замрсат сметките на фаворитите.

Освалдо ќе ги претепа местачите

Никој во Рома не смее да намести натпревар, затоа што Пабло Освалдо нема да го пријави местачот, туку ќе го претепа до смрт.

Рекордни кладилничарски изненадувања

Македонскиот фудбал памети неколку големи изненадувања (пр. Андора-Македонија 1:0), но тоа не е ништо во споредба со изненадувањата на некои натпревари од светскиот фудбал од кои најмногу настрадале кладилниците.

Недобитно махериште

Каков махер треба да бидеш за да уплатиш тикет во кладилница со 4 натпревари полувреме/крај и да не погодиш ниту резултат ни на полувреме ни на крај?

Ах тој Манчестер Сити

Или можеби треба да пишеме „ах тој судија". Колку ли само тикети ќе беа добитни ако судијата најнапред не го поништеше голот на Агуеро во 88-та минута, а потоа досудеше пенал за влечењето на Балотели во 95-та минута.

Недобитен махер

Недобитните тикети ги ставаме во категорија „малери“, ама овој е махер. Треба да си стварно махер да составиш тикет со волку промашени. Го молиме махерот следното коло да ни ги испрати неговите типови за ние да уплатиме контра.

Мајами тргнува во одбрана на титулата

Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.

Меси повторно фаворит за освојување на Златната топка

ФИФА ја објави листата од 23 номинирани фудбалери за признанието за најдобар фудбалер на светот во 2012-та година, по што и на кладилниците не им требаше многу време да ги објават своите коефициенти според кои Лионел Меси е главен фаворит за освојување на наградата по четврти пат.

Фудбалери на Наполи обвинети за местење

На фудбалскиот клуб Наполи каде во моментов настапува Горан Пандев, му се заканува казна со одземање на бодови затоа што четворица фудбалери од овој клуб во 2010-та година биле вклучени во обид за местење на натпревар против Сампдорија.

Полиграф открива местачи во Сингапур

Газдата на Локомотив Пловдив им се закани на фудбалерите и стручниот штаб дека ќе ги прати на детектор за лага, но во Сингапур тоа веќе е задолжителна постапка која ја спроведува фудбалската федерација.

Махер на колото

Не се само Србите „видовити“ кладилничари. И ние имаме махери. Би било убаво некогаш на некој да му текне да ни испрати вакво ливче пред да почне натпреварот.

Махер на колото

Поразот на Црвена Звезда од 3:0 на гостувањето кај Спартак Суботица беше огромно изненадување за сите, освен за овој кладилничар од Србија. Махерот ги погодил точните резултати на овој натпревар, како и на победата на Партизан над Јавор. Штета што уплатил само минимални 20 динари и со коефициент од 990 заработил 19.800 динари.

Мајстор и малер на колото

Нашите читатели ни испратија две ливчиња од кладилница. Едниот е мајстор за кладење со фатени 10 натпревари од Лига Европа, а другиот е малер што го зафркнала само една. Имате ли и вие некое ливче да се пофалите или да се пожалите?

Условна казна затвор за намерен автогол

Фудбалерот Андреа Масиело заработи условна затворска казна од 22 месеци откако призна дека во 2010-та година си постигна автогол на натпреварот помеѓу Бари и Лече.