Најлудите кладби за Премиер лигата

Некои луѓе имаат вишок пари или пак едноставно сакаат да си ја пробаат среќата, па вложуваат на многу чудни опции за кладење. Ова се најлудите за претстојниот викенд во Премиер лигата.

Познатата британска кладилница Paddy Power објави дека оваа недела дури 25 луѓе го погодиле точниот резултат на натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Манчестер Јунајтед. Овој натпревар заврши со резултатот 0:5, а коефициентот за оваа кладба беше 501.

Вакви „оптимисти" има секогаш, но најчесто тие само си ги трошат парите залудно. Ова се најлудите кладби уплатени на натпреварите од претстојниот викенд во Премиер лигата.

Хул - Ливерпул
точен резултат 0:7
петмина имаат уплатено на коефициент 501

Тотенхем - Манчестер Јунајтед
точен резултат 0:5
тројца веруваат дека по триумфот во Леверкузен, Манчестер Јунајтед може повторно да победи со 0:5 и вложиле пари на коефициент 1250

Манчестер Сити - Свонси
Агуеро прв дава гол и Сити да победи 8:1
еден има уплатено на коефициент 1250


Покажи колку те бива за типување:

играј | упатство за играње | правила

29 ноември 2013 - 13:07