Фудбал

Астон Вила победи на гости после 437 дена

Неколку години висеа на конец да испаднат од Премиер лигата и тоа им се случи лани (првпат после 1987-ма). Во меѓувреме сменија неколку сопственици, купија разни играчи и донесоа многу тренери но никако не им успеа да се вратат дома со гостинска победа. Синоќа после цели 437 дена и 27 гостински натпревари, Астон Вила победи надвор од домашниот терен. Најзаслужен за тоа е тренерот Стив Брус.

Талентот кој Баерн Минхен го продаде поради чалам

Синан Курт има 20 години и важи за најголемиот талент на германскиот фудбал, но другата страна од медалот покажува разгалено дете кое сака да се експонира. Поради тоа Баерн му ги спакувал куферите.

Најтрофејните екипи во 90-те

Во денови кога на сцена е клупскиот фудбал во ЛШ и ЛЕ ќе се вратиме назад во носталгичните фудбалски години од крајот на минатиот век кои покажуваат една огромна разлика за тоа каде беа и каде се сега италијанските екипи на мапата на Европа.

Врвната реклама за малиот Пол Погба

Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.

„Сењор Перес, ова е син ми Марко и тој ќе игра за вашиот клуб“

Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.

Рекордот на Севиља од 132:10

Фудбалерите и фудбалерките на шпанскиот клуб имаа викенд кој не се памети во Шпанија. Победија сите.

Фудбалерот кој смета дека не треба да зема плата кога не игра

Адриано е прав пример за Бразилец на кој парите од фудбалот му удрија во глава и потоа тргна по лош пат. На тоа имаме еден контра пример на играч од истата земја за кој до сега не сме пишувале или па можеби ги има повеќе, но не сакаат да се фалат.

Ако ја чекавте Баер кец, пцујте го голманот

Иако мислевме дека Џиџи Буфон е херојот меѓу голманите во првата ноќ од третото коло во ЛШ, сепак во исто друштво влегува и Иго Лорис. Чуварот на голот на Тотенхем е најзаслужен што Чичарито не го реши мечот, а покрај неговата феноменална одбрана, на помош се појави и гол технологијата.

Како реагира Ибрахимовиќ на сопствената статистика

По дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед 0:0, излезе статистика на играчи со најмногу големи промашени шанси сезонава во Премиер лига. Златан е прв пред Волкот, Дефо, Лукаку, Погба, Варди...

Буфон правеше чуда за триумф на Јуве со играч помалку

На критиките Буфон вечерва врати со одбранет пенал и неколку чудесни интервенции. Лестер игра подобро во Европа отколку во Премиер и веќе освои 9 бода без примен гол. Дортумд триумфално се прошета во Лисабон.

Најлошиот старт на Јунајтед во последниве 15 години

По заминувањето на учителот за фудбал, Сер Алекс Фергусон, Црвените ѓаволи пробаа со Мојс, па со Ван Гал, а за сега не одат работите како што треба ниту со тренерот кој никогаш не признава дека е крив за нешто.

Човекот кој засекогаш го смени фудбалот

До 1995. година играчите не можеле слободно да го напуштат клубот по завршувањето на договорот, туку морале да плаќаат отштети. Поради тоа Жан-Марк Босман во Судот за човекови права ги тужел клубот Лиеж и УЕФА.

Колку добар потег на Мората

Тоа што некој е фудбалер на Реал Мадрид не го прави поразличен човек од другите, ама треба и доказ на дело. Алваро Мората освен што застана да ги усреќи фановите, собра еден млад навивач со дозвола од мајка му и го однесе кај другите играчи каде собра повеќе автограми. Кој знае колку се фалел малиов во школо.

На италијанските тренери во странство не им оди годинава

По отказите на Гвидолин и Ди Матио листата на отпуштени италијански стратези надвор од својата земја порасна на четири. Тренери со педигре беа отпуштани и претходните години.

Година на петелот кој се прослави во Скопје

Андреа Белоти важи за најталентираниот италијански напаѓач во моментов. Головите ги прославува на смешен начин имитирајќи петел во чест на најдобриот другар од детството кој се презива Гало (gallo на италијански значи петел). Гигантите веќе се спремни за него да дадат десетици милиони.

Хајлајтс од 25 годишнината на Лига на шамиони

На 16 септември 1992-ра, најелитното клупско европско натпреварување ја стартуваше новата ера со логото UEFA Champions League, а оваа сезона ќе слави четврт век постоење. Ова е мал дел од највозбудливите моменти на најголемото фудбалско уживање кое во вторник и среда во 20:45 нè бетонира пред тв.

Шпанска кујна после осум кола

Комплиментите на адреса на одбраната на Атлетико Мадрид не чудат веќе никого - последната година екипата на Диего Симеоне е на врвот на елитата во Европа по совршената одбрана. Сега даваат и многу голови и се пред Реал и Барса на табелата.

Косовско третолигашко славје во вода

Фудбалерите на КФ Арберија од третата косовска лига го победија Лепенчи и триумфот го прославија во склад со временските услови.

Ривалството на Ливерпул и Јунајтед во една минута

Два тима, два града оддалечени 55 километри а ривалска омраза како никој никогаш. Вечерва од 21:00 на „Енфилд Роуд“ ќе се судрат лутите ривали. „Црвените“ од Ливерпул и „Црвените ѓаволи“ од Манчестер. Од една страна Јирген Клоп, а од друга Жозе Мурињо. Сигурно ќе пршти на сите страни.

Како Американците шутираа пенали во ’90-те

Во ’94-та Американците го организираа фантастичниот Мундијал, но европската варијанта на фудбал уште им беше недоволно позната. Во ’96-та стартуваше првата сезона на МЛС, а една од опциите за анимирање публика беше и изведувањето пенали. Шутерот тргнуваше на 35 метри од голот и имаше пет секунди да шутира. Ваквиот глупав начин на шутирање пенали беше укинат во 1999-та година.

Во Египет важат некои други правила

На меч во египетското првенство, при резултат 1-1 во 86. минута еден од напаѓачите истрча во контра сам пред противничкиот голман кој мртов ладен 10 метри надвор од шеснаесетникот одбрани со раце, а судиите се направија дека ништо не виделе. А што е најчудно никој од играчите не се бунеше.

За курдскиот фудбал на Светското првенство

Во мај годинава се одигра Светско првенство за непризнати земји. Од вкупно 35 членки, 12 се појавија на Купот во Абхазија, непризнат реон меѓу Русија и Грузија. На овој турнир меѓу другите настапија Северен Кипар, Панџаб, Кореанците од Јапонија, Паданија и други. Најголемо внимание предизвика репрезентацијата на непризнатиот Курдистан.

30 години да играш на крив терен

Аргентинската екипа од Буенос Аирес "Линиерс" настапува во петтата лига и цели 30 години игра на домашен терен кој е крив. Минатата недела управата на екипата добила допис од фудбалската федерација која бара теренот да се корегира. Претседателот на клубот изјавил дека федерацијата дознала за проблемот кога видела слика на Гугл мапите.