Синоќешниот натпревар меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед доцнеше 45 минути поради нападот врз клупскиот автобус на гостите. Навивачите на Вест Хем гаѓаа со што ќе стигнат, а играчите лежеа на под и снимаа со телефони. Ван Гал и Руни изјавија дека биле загрижени кога виделе дека камења и шишиња летале накај нив, а забава од целиот настан направи Џеси Лингард
Голманот на хрватската репрезентација и на Гранада, Иван Келава изјави дека соиграчите му кажале дека Реал ќе ги премира во случај да и скинат некој бод на Барса во последното коло.
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.
Французинот стана првиот фудбалер кој три пати по ред ја освои Златната топка пред Лионел Меси. Со помош на својата класа, амбиција и остар карактер стигна до врвот кој потоа си го извалка во друштво на Блатер.
Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.
За новата ѕвезда во Премиер лигата слушнавме дека одел пијан на тренинзи кога играл во четврта лига, а сега обелодени уште една работа од неговото минато интересна за јавноста.
Репрезентативецот на Португалија кој има 18 години, Ренато Санчез ги поминал медицинските прегледи во Баерн Минхен и денес потпишал договор според кој Бенфика ќе заработи 35 милиони евра. Румениге изјави дека одамна не видел дака доминантен фудбалер како Ренато. Во меѓувреме од Дортмунд соопштија дека Матс Хумелс е продаден за 38 милиони евра во Баерн Минхен.
5 август 2015-та или три дена пред почетокот на сезоната во Премиер лигата во која најспоменуваниот збор ќе биде Лестер. Ќе им го избркале тренерот, ќе се бореле за опстанок, Челси ќе ја освоел титулата...Аха, ок.
Креспо беше еден од ретките кои играле во речиси сите големци на италијанскиот фудбал. Се изнадава голови во дресовите на Парма, Лацио, Интер и Милан и по завршувањето на кариерата реши да го пренесува занаетот на помладите.
Од крајност во крајност е состојбата на стадионите во Нигерија и Македонија. Кај нас доаѓаат 200 луѓе од кои 100 пцујат, 50 грицкаат семки, а 50 само чекаат кога ќе примиме гол затоа што ја играле во кладилница. Во Нигерија друга слика. Таму на мечот против Египет во март на стадион со капацитет од 16.000 дошле околу 40.000. Безбедноста намалена, ризикот голем колку и љубовта кон репрезентацијата.
Повредата секогаш се случува во незгодно време, но играчите кои поради неа ги пропуштаат големите турнири се навистина за жалење, затоа што настап на Европско или Светско неретко се случува еднаш во кариерата.
Видеово има преку 200.000 прегледи за еден ден, веројатно затоа што кој како го пуштил го изгледал по едно 10 пати за да се обиде да сфати што точно уствари направи Бразилецов.
Пред 12 години селекцијата на Шведска имаше одличен напаѓачки тандем кој ја однесе својата земја во четвртфинале на Европско првенство, а летово тандемот може да го има истото име, но со една помлада и надежна генерација.
Кога се гледа Барселона, човек не знае кој попрво ќе направи магија, дали Нејмар, дали Меси или Суарез, дали Иниеста. Во спектарот на врвни потези, нам особено убави за око ни се додавањата на Меси до левиот бек Алба.
Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.
Клубот кој се формираше во 2009 година и тргна од петта лига, викендов за прв пат во својата историја обезбеди пласман во Бундеслигата. Во големото славје кое почна традиционално со пиво стратегот на Лајпциг, Ралф Рангник влезе во ризичен спринт кој го чинеше истекнување на мускул.
Точно еден месец пред почетокот на Европското 2016, Антонио Конте ќе треба да го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат во Франција. Повредени и дилеми има како никогаш претходно.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.