Се извинувам, сакав само да бидам Кантона

Да го имитира начинот на игра на легендарниот Французин, па да го разбереме. Вака, само се изглупира, го приведоа, ќе плати казна и го суспендираа на 20 дена.

Познатиот фудбалер на чилеанскиот прволигаш Аудакс Италиано, Себастијан Пол јавно се извини откако полицијата го привела за напад врз навивач на трибините.

Пол, кој е аргентински центарфор во саботата по мечот во кој неговиот тим загуби 4-1 од Универзидад Католика по метежот на теренот, се качи на трибините и со нога силно удри еден навивач кој успеа да се задржи на нозе.

„Многу се каам за ова. Длабоко му се извинувам. Не сакав да го удрам, сакав само да го заплашам. Ова е нешто ново во мојот живот и тешко ми е“, изјавил Пол.

Чиленаските медиуми пишуваат дека 29-годишниот Пол кој порано играл во Коста Рика, Романија и Боливија е член на Аудакс од 2004. година. Тој сега се соочува со затворска казна поради прекршување на законот за спречување насилство на спортските настани.

Фудбалската федерација го суспендирала на 20 дена а дисцпилинската комисија му спрема дополнителна казна. Целиот инцидент многу потсеќа на најпознатиот испад во историјата на фудбалот кога Ерик Кантона во 1995. година во Кристал Палас брутално со мајагери го удри навивачот Метју Симонс.

Подоцна Кантона беше казнет и изјави дека Метју го провоцирал и навредувал цело време откако Кантона добил црвен картон.

Целата гужва во Чиле и приведувањето на аргентинскиот Кантона: