Фудбал

Џанфранко Ѕола - човекот што одби милиони поради детскиот сон

Најголема љубов во детството на Ѕола биле фудбалскиот клуб Каљари и сладоледот од ванила, кој можел да го јаде со килограми. Пред 13 години ги одби милионите на Роман Абрамович за нов договор и реши да се врати во својот крај, каде што ја заврши славната кариера.

Убавиот гест на шведскиот АИК со пензионерите

Трофејниот клуб АИК од Стокхолм реши на почетокот од мечот против Гефле, наместо стандарниот декор со децата, играчите на терен да излезат со највозрасните членови на клубот кои уживаа во привилегијата. Замислете дека 86-годишниот легендарен претседател на УЕФА, Ленард Јохансон беше најмлад во колоната со 11 пензионери.

Најпосакуваниот кираџија во Манчестер

И покрај тоа што има имот толку колку што очекувате дека има со тие пари кои ги заработува, сепак на Златан Ибрахимовиќ не му е проблем да плаќа кирија од 20.000 евра откако игра за Јунајтед. Во Париз плаќаше 30.000.

Највозбудливото реми во Серија А

Кога од една страна ги имаме Бокшиќ и Салас, а од другата Шевченко и Веа, тогаш зборуваме за најносталгичното време на италијанскиот фудбал. Немаше потреба од барање место по кафулиња или да ти сецка некој стрим како сега. Имаше по три, четири, а потоа и по пет тв преноси секое коло.

Пијани Шкотланѓанки не играле квалификации

Во Албанија се играше квалификациски турнир за пласман на младинското Европско првенство за жени и настапија Албанија, Кипар, Србија и Шкотска. Шкотланѓанките не го одиграле мечот против Србија поради мамурлак.

10 години од лудиот гол на Чаби Алонсо

На 20 септември 2006. година, пред точно една деценија, тогашниот фудбалер на Ливерпул Чаби Алонсо го постигна еден од најлудите голови во клупската историја на „Црвените“. На меч од Премиерлигата против Њукасл, Шпанецот со шут од својата половина го матираше гостинскиот голман.

Кога Европа за прв пат го виде Кристијано Роналдо

Сезоната 2002/2003 беше сезона на италијанските екипи кои играа финале во ЛШ на Олд Трафорд. Милан беше подобар од Јуве на пенали. Паралелно во ЛЕ се прочу името на Мурињо кој со Порто стана шампион. Тоа беше сезоната кога дриблинзите на тинејџерот Роналдо за прв се видоа на меѓународна сцена. И ете до каде стигна.

Што треба да направи Мурињо за да го спаси бродот

Жозе Мурињо не доживеал три порази по ред цели 10 години, а сега ги претрпе во осум дена со што се истури студена вода врз неговиот ентузијазам со кој влезе во сезоната.

Во Босна да ти било бетер од кај нас

„Јас не знам каде оди фудбалот во БиХ“, изјави тренерот на гостинскиот тим Широки кој загуби на гости од Радник Бјелина со 2:1 од пенал во 93-та. А пеналот не би го досудил ни камен пијан судија.

На 43:0 во фудбал полицијата во Германија апси

Кога се мести, а викаат дека се мести многу, особено во пониските лиги, ги местат 3+, 4+, полувреме/крај и сл. ама овие во Германија не знаеле кај тераат бидејќи како што знаеме во кладилница нема опција за 43+ нели?

Моментот кога мисица ќе го изведе првиот удар

Аурори Киченан ја доби задачата да го изведе првиот удар од центар на мечот меѓу Монпеље и Ница. За жал го немаме во кадар Балотели, ама имаме реакција на друг фудбалер кој се укочи.

Газдата на Интер го преспа победничкиот гол

Ерик Тохир, сопственикот на Интер од Индонезија на големото Дерби на Италија во неделата се однесуваше како неговиот клуб два-три пати годишно да го победува Јувентус. Гостите поведоа 0:1, а Интер со головите на Икарди и Перишиќ направија целосен пресврт. Но газдата на Интер задрема на победничкиот гол, а не го разбуди ниту огромната прослава на трибините, па луѓето од управата мораа да го будат.

Најголемата грешка на Барселона се вика Мауро

Мауро Икарди е роден во Росарио, град во Аргентина со милион жители кој важи за најфудбалскиот град и кој на фудбалот му ги даде Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Патот за кратко го одведе Маурито во Барса, но таму не го проценија добро.

Што ти е братска љубов

Видеово е многу јако, а демонстрира братство и единство во атлетика. Братов со повеќе снага не само што сакаше да го спаси другиов кој беше пред цркање, туку си ја жртвуваше победата и згора на се го пушти да заврши втор, а тој излезе трет.

Главната фудбалерка на Нов Зеланд

21-годишната Лора Мерен играше за репрезентацијата на Нов Зеланд на Светското првенство до 17 години кое се одржуваше во Азербајџан. Таа сега сега живее во Англија, игра за Евертон во Women's Super League 2 и ја воодушевува фудбалската јавност со потезите на теренот, но и со изгледот.

Јунакот кој одби 50.000 евра за местенка не го издржа првото интервју во Серија А

Парите и интервјуто немаат врска едно со друго. Првото е старо и за тоа доби признание од Блатер, а второто е многу емотивно и е јунак само затоа што сега игра фудбал и тоа во прва лига. На негово место сигурно некои би се откажале.

Бугарски фудбалер осуден поради убиство

Играчот од средниот ред на Славија Софија, Борислав Балџиски пред три години до смрт претепал човек кој ја пцуел девојката која што бавно ја возела колата во која бил и тој.

Руни, време ли е за МЛС?

Од натпревар во натпревар капитенот на англиската фудбалска репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни покажува драстичен пад на формата. Ако продолжи вака, нема да чуди ако за брзо време трча по топката со Џерард и Лампард во аматерската лига на САД.

Во Јужна Америка голманите не служат само за бранење

Во ситуација кога Хорхе Кампос, Рене Игита и Рожерио Сени се пензионери, а кога бранеа одеа во напад, даваа голови од слободен, дриблаа и шутира пенали, ете го Нелсон Рамос кој тера по нивните стапки. Голманот прими два гола, ама даде еден и плус уште еден асистираше за конечни 2:2 на меч во колумбиското првенство. А инаку голот му е леле мајко.

Ако може Фергусон да биде Сер, можам и јас

Го нема го нема, па ќе извади нешто за што ќе се зборува со недели. Мино Рајола, најнеобичниот агент на светот сега бара титула Сер затоа што успеал да го врати Пол Погба летово во Манчестер Јунајтед.

Интер – Јувентус донесе рекорд во пари

Пресвртот и големата радост на Интер не неа беа единственото од дербито на колото во Италија. Домаќините триеа раце, најмногу досега.

Како комшијата тренер од хулиганот Милик направил фудбалер

Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.

На голманите во Чиле им чуваат грб

Можеби топката немаше да влезе во гол, ама тука си е тоа, да чува втора статива за секој случај.

Најдобрата 9-ка на светот слави 40-ти роденден

На 18. септември 1976 година во Рио де Жанеиро е роден бразилскиот напаѓач кој многумина го сметаат за најдобар фудбалер кој светот го видел.