За Лучано Моџи може да не слушнале само оние кои следат италијански фудбал од 2006-та година па наваму, иако и тоа е тешко. Токму таа година беше предмет на дискусија број 1 на чизмата бидејќи поради неговата моќ во фудбалот која ја злоупотреби без граници, Јувентус, клуб со најмногу титули во Серија А мораше за прв во својата историја да доби казнет со исфрлање во втора лига.
Листата на негови контроверзни постапки во фудбалот нема крај и не за џабе беше нарекуван кум на фудбалската мафија во Италија. Весниците во таа 2006-та излегоа со транскрипти од неговите телефонски разговори во кои целосно ја режира првата лига.
Местеше натпревари, наредуваше кои судии на кои мечеви да бидат распоредени, па дури и вршеше притисок во телевизиските фудбалски емисии да не се зборува за судиските одлуки кои беа во корист на Јувентус.
Во фудбалот нема никаква функција веќе 10 години бидејќи доби таква забрана, но старото на 79 години уште е баран да дава негови мислења.
Соработува со весникот Либеро каде ги искажува своите мислења и ставови:
„Во мое време Јувентус играше подобро. Кога имавме лесни натпревари одев да им правам притисок на играчите за да ги мотивирам повеќе. Јувентус сега има многу индивидуалисти како Алекс Сандро и Дани Алвеш, но тимот има квалитет. Кога мечот нема да го реши Игуаин, тука е Манџукиќ или Алвеш. Игуаин викаат дека е дебел? Тоа е тешка глупост, даде седум гола, не ги разбирам тие критики“.
Збор два за Милан и Интер.
„Знам дека е можно Фабио Капело да биде директор во Милан, но не знам многу за тоа до кај се работите. Мислам дека ако Берлускони остане и инвестира 100 милиони, сите ќе бидат задоволен. За него Милан е повеќе од син“.
„Интер беше многу статичен на градското дерби. Икарди игра премногу свртен со грб накај гол. Не е врвна класа на напаѓач, туку е само добар. Интер во 2006 година беше на 15 бода под Јувентус и сега ништо не е сменето“.
Како ќе изгледа табелата на крај?
„Скудетото повторно ќе го освои Јувентус, а Рома и Наполи ќе играат во Лига на шампиони. На четврто место ќе биде Лацио со Симоне Инѕаги, петти ќе биде Милан, а шести Интер“.
Лучано Моџи беше во Јувентус од 1994 година до 2006-та и за тие 12 години Јувентус освои 7 Скудета (од кои два поништени поради Калчополи) 4 Супер Купови на Италија и по еден трофеј во Куп на Италија, Лига на шампиони, Интерконтинентален Куп, Супер Куп на УЕФА и Интертото Куп. Загуби вкупно 6 финалиња: Три во ЛШ, две во Куп на Италија и еден во Куп на УЕФА.
Јувентус не е единствениот клуб каде работел како директор. Тој претходно беше и во раководните структури на Рома, Лацио, Торино и Наполи.
За крај, анегдотата со Мино Рајола.
„Ме однесоа во една просторија која личеше како стоматолошка ординација. Имаше околу 25 души сите со цигара во рака. Во 11:15 никој не ми се јави и заминав кај секретарката и иѝ реков: Го чекам господинот Моџи, може да ми кажете кога ќе дојде, а таа ми одговори: Сите овие луѓе го чекаат Моџи“.
Рајола го напуштил местото и потоа:
„По два часа го сретнав Моџи во еден ресторан, а со него имаше еден дел од тие 25 души“.
Разговорот меѓу Рајола и Моџи завршил вака:
Рајола: Вие сте господинот Моџи?
Моџи: Да.
Рајола: Многу ви беше некултурен потегот што ме оставивте да чекам.
Моџи: А ти кој си?
Рајола: Мино Рајола.
Моџи: Аха Рајола. Ако си некултурен со мене, нема никогаш да продадеш играч во Италија.