
Вкупно деветмина играчи на Шапекоензе не отпатувале со тимот. Некои поради повреди, други биле суспендирани, а еден од нив е синот на тренерот Матеу Сароли, кој не се качил во авион бидејќи си го го заборавил пасошот.
Денешната голема трагедија го потресе и фудбалерот на Вардар, Дејан Блажевски кој за Спортмедиа изјави дека со Вилијам Тиего, кој е еден од загинатите, играл заедно во Хазар, Азербејџан во 2014-та, а кратко време во тој период му бил соиграч и на Никола Глигоров.