Извезуваме подобро од Чиле и Бугарија

Македонија 39-та по играчи во европските лиги

Во големата петорка на европскиот фудбал (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија) Македонија има тројца претставници и сите играат во Серија А. Имаме 29 фудбалери ширум Европа. Бразил е прв по извоз.

Фудбалската опсерваторија CIES ги објави резултатите од деталната анализа за тоа која земја има „извезено“ најмногу фудбалери на стариот континент. Македонија котира солидно, на 31. место од 50. земји на листата. На оваа листа сме пред Чиле, Бугарија, Унгарија, Република Ирска, Јапонија, Белорусија, Венецуела, Шкотска, Израел, Грузија, Коста Рика.

Сите тројца претставници на нашата земја во ТОП 5 лигите играат во италијанската Серија А. Пандев го носи дресот на Џенова, а Илија Несторовски и Александар Трајковски се членови на Палермо. Во останатите европски лиги кои не се меѓу ТОП 5 првенства имаме 29 фудбалери.

Традиционално, Бразил е лидер на листата на земји со најмногу фудбалери во 31 најдобра eвропска лига од земјите членки на УЕФА.

На нивото на најдобрите пет лиги води Франција со најмногу фудбалери во Англија, Шпанија, Италија и Германија.

Во моментов вкупно 469 Бразилци играат во 31 европска прва лига. Франција има 312, а Шпанија е треторангирана со 201 фудбалер ширум континентот.

Високо котира и Србија со над 180 играчи во Европа. Србите се четврти на листата со 39 играчи во најдобрите 5 лиги во Европа и 150 фудбалери во 26-те останати првенства. Зад Србија е Аргентина со дури 97 играчи во најдобрите 5 европски лиги.

Од регионов, Хрватска има 33-ца во Топ5 лигите, 108 во останатите шампионати и се на 7. место. Босна и Херцеговина има 5 фудбалери во Топ5 лигите и 75 во останатите првенства. Црна Гора има двајца во најдобрите европски лиги и 37 во останатите. Словенија има дури 13 играчи ширум Англија, Италија, Шпанија, Франција и Германија.

 

28 ноември 2016 - 16:25