Фудбал

Стари на млади, кој би тепал?

Од вкупно 552 играчи кои ќе се појават на Европско, УЕФА ги состави најдобрите два тима. Едниот со фудбалери до 21 година, а другиот со над 35 години. Можност плус да видиме кои таленти треба да блеснат, а кои ветерани веројатно ќе се простуваат од Еврошампионатите.

Малку познати факти за Зинедин Зидан

Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.

Билбао масовно прослави титула во женски фудбал

Во претпоследното коло од женскиот фудбалски шампионат на Шпанија, Атлетик Билбао го победи Овиедо со 3:0 а нивниот главен конкурент Барселона загуби 0:1 од Атлетико Мадрид. Билбао така се одлепи на 4 бода на коло пред крајот и ја осигура титулата.

Кој е најдобриот состав од Европските првенства

Селекцијата на Бразил со Пеле од 1970-та која го освои Мундијалот во Мексико ја сметаат за најсилна од Светските првенства, но кој го заслужува овој епитет на Европските првенства. Холандија 1988? Франција 2000? Шпанија 2008/2012?

Како Брегзит би можел засекогаш да го смени фудбалот

Во случај Велика Британија да излезе од Европската Унија, многу последици би можел да трпи и англискиот фудбал чијашто Премиер лига се смета за најпопуларна во свет. Кои се причините?

Деби голот на Златан во Серија А

Во период кога топ тема поврзана со Ибрахимовиќ е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата и дали можеби ќе се врати во Италија, бидејќи изјави дека Милан е најголем клуб во светот, ќе ве потсетиме дека од првиот гол на Ибра во Серија А поминаа 12 години. Мајсторијата не се заборава, а ја изведе против Бреша откако влезе како замена за Трезеге.

Како Американците коментираат сокер

Не дека во Европа сме нешто поарни со статистичкиве дрвења, ама во САД се дефинитивно оптеретени со тоа. О-п-т-е-р-е-т-е-н-и.

Австрискиот Златан кој со покајание оди на Европско

Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.

Најнеобичниот голман на Европското доаѓа од Велс

Голманот уметник, кој седел шест години на клупата за резерви, своето деби на голот на Велс го прославил така што свирел на гитара во хотелот а скоро планира и да направи уметничка изложба со неговите дела кога ќе се врати од ЕП во Франција.

Италијанци клавајте голови, инаку нема титула

Дека Буфон заедно со триото колеги во одбрана составено од Кјелини-Бонучи-Барцаљи ќе биде главно оружје на Италија на ова Европско на кое ќе се обиде да поведе и после да се брани, покажува и статистиката на напаѓачите кои имаат ужасна реализација.

Чекаш петка или глава и паѓа исправена

Пред почетокот на мечот Колумбија - Парагвај (2:1) од Копа Америка, судијата Хебер Лопез на капитените на двете екипи им ја фрлаше паричката која не се предаде така лесно.

Шпанија и Германија вредат над милијарда, а Роналдо колку четири Унгарии

Шпанија, Германија, Франција и Англија се селекциите со најголема вредност на Европското првенство, а во топ 4 највредни фудбалери влегуваат Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Роберт Левандовски и Томас Милер.

Радувај се Флитвуд на трансферот на Варди

Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.

Пак да браниш на 20 метри пред гол

Грција ја совлада Австралија на гости со 2:1 на пријателски натпревар, а Бекам апетити на мечот имаше бекот Јанис Маниатис кој игра за Олимпијакос. На голот беше Адам Федеричи од Бурнемут.

Франција 1998-ма, од глумци до продавачи на базени

По неуспехот во квалификациите за Светското 1994 во САД, Франција реши да тргне од нула и ја создаде најсилната репрезентација во историјата на оваа земја. Шарен состав со одлични фудбалери кои денес имаат необични професии.

Палермо ќе купува ѕидар од Аргентина кој игра за 770 евра месечно

Трајковски и Несторовски од следната сезона можно е да добијат интересно друштво во напад, откако нивниот претседател кој тренерите ги менува како чорапи, најде дете со биографија во која стои дека до скоро примарна работа му била на градилиште.

Најјаките будалаштини од мадридското финале

Падобранецот без карта во финале на ЛШ беше прва епизода од тоа што го гледавте и читавте зад сцената на Сан Сиро. Сега ги имаме Пио е Амедео, двајца откачени и познати комичари кои роварат и снимаат низ цел стадион. Начекаа дузина познати фаци како Малдини, Барези, Бобан, Фиго, па дури и Ричард Гир и со сите ја тераат на мајтап. И да не знаете италијански вреди да го изгледате до крај, цареви се. Обезбедувањето ги брка, нив мува не ги лази.

10 најубави голови во историјата на Европските првенства

Марка преку гласање организирано за своите читатели ги избра десетте најубави голови во историјата на европските шампионати. Од ван Бастен и Ујлан до Балотели и Златан.

Албанскиот шампион исфрлен од Европа

Поради сериозни обвинувања за местење натпревари, УЕФА покрена истрага против Скендербег од Корча, албанскиот првак, а синоќа донела одлука да го исфрли од квалификациите за Лигата на шампионите.

Шаренилото на Копа Америка

Паралелно со Европското до 26 јуни конкуренција за гледање ќе му прави Копа Америка која почна на 3-ти. Таму да си на стадион и да ти се падне тапа фудбал ништо не губиш, бидејќи тоа го компензираат навивачите.

Ставете ги парите на Франција, никако на Албанија

Американската инвестициска банка Голдман Сакс предлага на кого да типувате на Европското првенство, но предупредува дека нема ништо сигурно во фудбалот.

Незаборавни моменти од Европските првенства

Со мечот Франција - Романија во петок од 15:00 часот започнува Европското фудбалско првенство, 15. јубилејно издание. Во таа пригода одвоивме неколку моменти од најголемите турнири на континентот одржани во блиско минато.

Критикуваната 10-ка на Италија ги шие сите со трофеи

Италијанците имаат многу префинет вкус и цврст став кога се работи за теми како пица, кафе, фудбал, па сега направија проблем од тоа зошто Бразилец кој игра за Италија затоа што дедо му е Италијанец, да ја носи светата бројка.