Фудбал

Најдобриот Кореец од Премиер мора да се јави во касарна

Не, не е Северна Кореа. Најдобриот Јужно-корејски фудбалер во моментов, Сон Хјунг Мин доби понуда од Тотенхем за нов договор, но за да го потпише ќе мора да го реши повикот од Јужна Кореа да служи војска, во спротивно би имал проблем во татковината. 

Со Израел и Италија да се дојде до една победа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот за престојните два меча кои не очекуваат во Скопје на почетокот на следниот месец. Тројца фудбалери прават кам бек во составот.

Берлускони полни 80 години и се сеќава на Капело, Кака’ и Дејан

Завчера на Франческо Тоти роденден му честитаа од Папата и Лионел Меси, до претседателите на Кина и Куба. Утрово капитенот на Рома му честиташе роденден на човекот без кого италијанскиот фудбал сигурно немаше да биде ист низ историјата. Ил Президенте наполни 80 години.

Само Симоне Инѕаги може да се забие вака во гол

Инѕаги помладиот беше далеку од тоа што беше Пипо или искрено беше дрво во напад. Денешниот датум ни извади еден ретро хајлајтс од пред точно 17 години од шампионскиот Лацио. Противник во ЛШ им е Марибор кој го ташлаат 4:0. Инѕаги успеа да се сопне сам од себе со топка на метро од гол и да влезе со неа внатре, а на 0:0 место да ја забие во мрежа, од 5-6 метри ја искрши пречката.

Пет забелешки од поразот на Баерн против Атлетико

Ако некој знае да ги си сопре Реал, Барселона и Баерн, трите најсилни и најмоќни клубови во светот изминативе години, тоа е бандата на Симеоне. Него џабе ќе му правиш посед на топка. Кога ќе ти пушти 11 души на терен ќе те изедат како кучиња, па макар промашиле и пенал како вчера.

Генерал Чоло знае како против Германците

И покрај тоа што промаши пенал и пропушти неколку шанси за гол, Атлетико Мадрид успеа да го победи Баерн Минхен на Карло Анчелоти. ПСЖ и Барса славеа после пресврти, а Сити првпат сезонава не победи.

Непознати извадоци од новата книга за Мурињо

На 29. септември во продажба излегува книгата „Жозе Мурињо, одблизу и лично“, напишана од спортскиот новинар Роберт Бејли кој открива што сè му раскажал Португалецот за неговата кариера.

Најдобрите голови од холандско за септември

Во истекот на првиот месец од стартот на дел од првенствата ширум Европа, Холанѓаните направија компилација од најдобрите голови за септември. Има што да се види, како на пример тоа лобот на 1:40 кој не го бранат тројца голмани.

Играта на Барса може да те поремети, прашајте гo Манчестер

Кога тики-така моделот ќе влезе во фазон на совршенство, никој не сака да и биде противник на терен, па дури ниту играчите на Сер Алекс Фергусон кои полуделе од нервоза во едно неодамнешно финале против Барса.

Роналдо тргна кај камерманот да види за офсајд

Дортмунд и Реал пружија добар меч, видовме 4 гола, а можевме уште толку ако едните и другите ги реализираа шансите. Реал имаше 2-3 опасни контри, а една во која се најде Роналдо беше офсајд ситуација. Португалецот протестираше и на полувремето отиде кај главниот камерман крај теренот.

Не играј шут у дупе со Ибрахимовиќ

Фино е да види човек како е да се биде гостин во куќата на Златан каде плаќа 20.000 евра кирија, ама уште пофино е да не ти закаже партија еден на еден во двор.

Како изгледаше првиот меч на Лестер во ЛШ на домашен терен

Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?

10 фудбалери кои се мерило за верност кон еден клуб

Ако треба да бараме листа на најверни играчи кои целата кариера решија да ја посветат во еден ист дрес еве ја. Сите овие играчи се легенди и симболи во клубовите каде настапуваа минимум две децении. Само Тоти од нив е активен и немаше пари кои можеа да ги купат.

Петтиот смртен грев на англискиот селектор Сем Алардајс

Да заработуваш 3 милиони фунти годишно (да, за 12 месеци) плус бонуси и да си алчен за дополнителни 400.000 фунти мито и корупција значи дека веќе никогаш нема да имаш прилика да бидеш тренер на голем клуб. 

23 сезони, 23 голови на капитенот

Дебитираше под водство на Вујадин Бошков во 1993-та на 16 години, а потоа со Карло Мацоне стана стартер. Првите две сезони не успеа да постигне гол, но од 1994/1995 до 2016/2017 нема утка. Некако најмногу му лежи Интер.

На Зидан уште му се лепи топката

Кога играше за Реал Мадрид имаше камера која 90 минути го следеше само него. Сега добро е што го следат да видиме што прави и на тренинзите. Зинедин Зидан уште го има она своето со топка и на 44 години.

Европскиот првак не издржа против опасната Борусија

Четири победи на домаќините, две на гостинските екипи и две ремија во првата ноќ од второто коло во ЛШ. Лестер ита сигурно во дебитантската сезона на меѓународна сцена, Јувентус и Копенхаген беа најубедливи, а одбраната на Реал попушти на три минути до крајот за конечни 2:2, кои Борусија ги заслужи. Имаше 12 удари во рамки на гол наспрема 5 на Кралевите.

Лука Зидан со кардинална грешка

Помладиот син на Зинедин Зидан, Лука, попладнево реши да го дрибла противничкиот напаѓач на мечот од Лигата на шампионите У19 меѓу Дортмунд и Реал Мадрид и се посрамоти. За негова среќа другарите веќе дадоа три гола, па не беше толку страшно.

Дејвид Мојс кај нас би го викале морковче

Да фати човек да гугла малку подлабоко кој знае какво ретро ќе излезе на тема како изгледале денешниве тренери како фудбалери. Но доволно е ова, има материјал за сеир.

Чичко Тавекио сака помалку екипи во Серија А

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Карло Тавекио неодамна изјави дека собира истомисленици во идејата да ги скрати екипите учеснички во Серија А од 20 на 18 и е сериозен во намерата.

Марко Пјаца, дете за пример кој сите го сакале од своја

Се кладел во сладолед и никогаш не губел, бил најголем фраер во клас и жените најмногу трчале по него, но тој живеел за фудбалот. Репортажа на Газета дело Спорт од местото каде потекнува Марко Пјаца, кој вечерва ќе се соочи со своите во Лига на шампиони.

Почетоците на Ерик Ламела

Откако на 7 години станал дел од младинскиот погон на Ривер Плејт, малиот талент од Буенос Аирес добил понуда од Барселона вредна 100.000 фунти годишно, куќа и вработување за неговите родители, слични услови како што добил Меси. Но тој останал на свој терен и го привлекол вниманието со 120 голови.

Како резервниот голман на Мурињо стана познат тренер

Нуњо Еспирито Санто го освои Купот на УЕФА и Лигата на Шампионите без да заигра кај Жозе Мурињо, но како резервен голман корисно го поминувал времето на клупата и сега после Валенсија го води Порто.

Кога Тоти дебитираше за Рома уште немаше Wi Fi

Италијанските весници пола од своите денешни изданија му ги посветуваат на Тоти, човекот кој носи епитети како Принц на Рим и симбол на Рома и кој е најстар стрелец во Лига на шампиони со 38 години и 59 дена. На неговата класа и издржливост му се восхитуваат великани како Меси и Болт. Полни 40 и уште е активен фудбалер. Реткост за напаѓач.