Манчестер Јунајтед – Сент Етјен и Виљареал – Рома во ЛЕ

По извлекувањето на двојките за Лига на шампиони, стандардно по еден час беа извлечени и дуелите за нокаут фазата во Лига Европа. По три години некоја друга екипа ќе го крене овој пехар бидејќи Севиља е осминафиналист во ЛШ.

Нокаут фаза во Лига Европа:

Атлетик Билбао - АПОЕЛ
Легија – Ајакс
Андерлехт – Зенит
Астра – Генк
Манчестер Јунајтед – Сент Етјен
Виљареал – Рома
Лудогорец – Копенхаген
Селта – Шахтјор
Олимпијакос – Османлиспор
Гент – Тотенхем
Ростов – Спарта Прага
Краснодар – Фенербахче
Борусија Менхенгладбах – Фиорентина
АЗ Алкмар – Лион
Хапоел Бер Шева – Бешкиташ
ПАОК - Шалке

Првите натпревари се закажани за 16 февруари, а реваншите за 23-ти истиот месец.

Финалето се игра во Солна, Шведска на 24 мај.

12 декември 2016 - 13:30