Дали оваа фудбалска приказна е за Гинис или не, не и ни толку битно, но се смета дека Дики Бортвик е најстариот фудбалер кој инаку е во потрага по нов клуб.
Се работи за човек од 81 година кој почнал да се занимава со фудбал во 1947-та кога имал 12 години.
Дики бара клуб и тврди дека и покрај годините нема никаков проблем со одење на гостувања па макар биле и подалечни, а неговото барање е некој да го ангажира затоа што бил премногу стар за лигата на ветерани.
Амбициозниот фудбалер изјави дека тој веќе имал една понуда, но не му била предизвик и сакал некој посериозен клуб па ја одбил.
Пред три години се излечил од рак на простатата, но тврди дека сè уште е ментално и физички способен и дека уште може да придонесе на терен.
Според статистиката која ја собрал за сопствениот учинок, тврди дека за 69 години кариера одиграл 1.600 натпревари, постигнал 400 голови и не добил ниту еднаш жолт картон.
Ако стварно е така дајте му шанса, човеков навистина има големо искуство.