Имаше што да се види минатиот месец во фудбалска Европа, па и пошироко. Од слободниот удар на Меси против Колумбија, волејот и пасот на Погба, дриблингот на Караско, рабоната на Пероти. Уживајте.
Белгискиот весник Le Soir на почетокот на неделава објави неколку необични ставки од договорите меѓу познати фудбалери и клубовите. Сите податоци на новинарот му ги дале хакери од групата Football Leaks коишто ги плашат фудбалските работници ширум светот веќе една година.
Напишавме Куп на УЕФА по старо бидејќи се работи за 2001/2002,сезона во која полуфиналињата не беа воопшто за потценување: Милан - Борусија Дортмунд и Феенорд - Интер и потоа финале Феенорд - Борусија 3:2. Холанѓаните тогаш имаа страшен напад со Пјер ван Хојдонк, Јон Дал Томасон и Робин Ван Перси.
Џанлука Лападула не е од оние фудбалери кои не летаат во облаци од слава и не бараат 200.000 фунти неделно со образложение дека 150.000 им се малку. Тој е играч со приказни кои имаат душа и кои потекнуваат од локално кафанче каде се уште е виснат неговиот дрес.
Датира од пред 450 години и е пронајдена на крајот од минатиот век во еден замок во Стерлинг, Шкотска. Се претпоставува дека со неа играле шкотските војници и слугите на кралицата Марија Стјуарт.
Мечот Андерлехт - Жерминал Екерен од 1995. година ќе остане запаметен по Стан Ван ден Бујс, бекот на гостите кои постигнал хет-трик од автоголови во триумфот на Андерлехт од 3:2.
Полу-аматерскиот шестолигаш Биариц од истоименото градче кое има околу 25.000 жители со душа ја чекаа ждрепката за 9. коло од Купот на Франција. Прво дознаа дека ќе бидат домаќини, а потоа ерупција од задоволство кога дознаа дека противник ќе им биде Рен, 115-години стариот клуб кој е еден од основачите на Лига1. Журката можеше да почне.
Индија во 2013-та ја оформи таканаречената Супер лига со 8 екипи и со тоа го живна фудбалот во оваа земја каде тренери се Матераци и Ѕамброта, а претходно беа Роберто Карлос и Ањелка. Од фудбалерите најзвучни имиња се Диего Форлан, Мохамед Сисоко, Постига и Малуда. Секој клуб има обврска во состав да има по минимум 8 странци. Според видеово навистина се живнати.
Бескрајните пасови на Каталонците кои рушат екипи со 4:0 и кога не бркаат ништо, ги уриваат параметрите кои водат статистика. Се додека тоа им носи резултат, никој нема право да рече дека таква уметност може да биде досадна.
Дуелот меѓу Динамо Киев и Бешикташ го донесе најнеочекуваниот резултат во првата ноќ од 6. коло во ЛШ. Домаќините не беа во игра ниту за трето место, но ги потопија Турците 6:0 и ги пратија во ЛЕ, каде пласман обезбедија и Лудогорец и Ростов.
Во групата Б, фудбалерите на Бешикташ требаше само да слават против Динамо Киев на гости за пласман во осминафинале и потоа уво да не ги боли за исходот од дуелот Бенфика - Наполи. Но по првите 45 минути им се случи кошмар. Примија 4 гола и добија црвен картон, а голманот Фабрицио по четвртиот гол беше срушен и психички. Во првите 15 минути од вториот дел нов шамар, а тоа е уште еден гол и уште еден црвен.
Дава голови во сите натпреварувања каде што игра Реал Мадрид, а навивачите носат дресови со неговото презиме и броевите 92:48, моментот кога Серхио Рамос даде гол против Атлетико во финалето на ЛШ во 2014-та во Лисабон и обезбеди продолженија.
Шпанските медиуми се до толку опседнати со Меси и Роналдо што имаат камери кои ги пратат само нив. Видеово не е ништо посебно, освен еден кус муабет кој ако точно го сконтавме шпанскиов оди вака: Роналдо: Како е, што се случува? Меси: Седи мирен.
Вторник и среда се резервирани за последното 6. коло од групната фаза во ЛШ. 12 места се веќе пополнети за нокаут фазата во февруари, а за преостанатите 4 ќе се борат 7 екипи. Тоа се: Бенфика, Наполи, Бешикташ, Порто, Копенхаген, Лион и Севиља.
Следете го фудбалерот со број 20, кој до толку е глуп што ќе се обиде да изнуди фаул од судијата. Глумачка налудничавност како што не сме виделе до сега во фудбалот. Што очекуваше? Судијата да му досуди фаул, а тој сам на себе да си додели црвен картон? Инаку потоа ќе направи уште една глума, а на театралното паѓање ќе се приклучи уште еден негов соиграч.
Ај сега бидете искрени и немојте да ни пишете во коментари како тоа не го знаеме Герет Меколи. Прво се работи за репрезентативец на Северна Ирска. Второ од 1996-та до 2011-та играл за пониски лиги, а од 2011-та е член на Вест Бромвич Албион. Дечкото наполни 37 години, игра во одбрана и сезонава е подобар стрелец во Премиер лига од Варди, Де Брујне и Погба.
По првичните најави и барањето на Атлетико Национал, трофејот на второто по ранг клупско јужноамериканско натпреварување да оди во рацете на Шапекоенсе, стигна и официјална потврда. Така и требаше да биде.
„Дојдов дома, ја гушнав сопругата и почнав да и се жалам. Сегде ме боли", изјави судијата кој доби четири конци на јаболчницата. Па сега видете зошто напишавме таков наслов за човеков на кој сигурно не му е до судење повеќе.
Ајакс и ПСВ се владетели во холандскиот фудбал во последните две децении со вкупно 17 од можни 21 титула. Но Феенорд и покрај финансиските проблеми почнува да фаќа приклучок во друштво на славното трио и да атакува на титулата која последен пат ја освои кога Круз им беше шпиц.
Легендата на Свонси Сити, Ли Трндол ги запрепастува гледачите во втората велшка лига каде на 40 години го носи дресот на неговиот матичен клуб, второлигашот Ланели Таун и прави чуда по терените.
Во сите лиги е установено дека ако играчот го соблече дресот за прослава на гол, веднаш добива жолт картон, но во овој случај судијата оправдано му рече „извини“ на правилото, ама овој пат јас сум во право.
Ако ја гледате реакцијата на голманот, таа е исправна бидејќи ја рогна онака како што требаше. Реално ваков гол паѓа еднаш на 100 години, а овој пад падна во Чиле.