Откако постои Опта ниту една екипа не успеала да поврзе толку додавања за едно полувреме во Лигата на шампионите. Барселона синоќа играше растеретена и во првите 45 минути врза 583 додавања или во просек 13 во минута.
105 од нив се на Иниеста, додека гостите за 45 минути имале 163 додавања.
Опта излезе и со статистика дека Барса синоќа направила рекорд во Лигата на шампионите со 993 успешни додавања на еден натпревар или во просек по 10,4 во минута.
Со голот на Меси и хет-трикот на Туран, Барселона го повтори рекордот од 20 постигнати голови во групна фаза кој го оствари во сезоната 2011/2012. Но го дели со Манчестер Јунајтед (1998/1999) и Реал Мадрид (2013/2014). Ако вечерва Борусија му даде гол на Реал ќе биде четвртата екипа со такво остварување.
Инаку фудбалерите на Барселона синоќа остварија уште еден рекорд, а тоа е серија од 10 сезони по ред во кои групната фаза во ЛШ ја завршуваат како лидери на табела.
Лионел Меси стигна до 51 гол на 51 меч на Камп Ноу во елитното натпреварување и сега има 93 гола, два помалку од Роналдо.