Фудбал

Политичари, бизнисмени и доктори вршеле притисоци врз селектори чие дете да игра

Поранешниот центарфор на Македонија, Ѓорги Христов, кој стигна и до Премиер лигата, се фати за многу тешка и одговорна работа во ФФМ, а тоа е младинскиот сектор кој е во хаос. Вели за девет години ниту едно дете не било избркано од академијата на федерацијата, а се правеле милион глупости и се потрошиле 4 милиони евра.

Лоб на колото во режија на Бодо Глимт против Лацио

Триесет и две годишниот норвешки фудбалер Улрик Салтнес е права легенда на Бодо Глимт. Од 2011-та е во клубот кој прави чуда во еврокуповите и за 14 години во жолтиот дрес има повеќе од 280 настапи и 70 гола. Синоќа со два погодоци му пресуди на римски Лацио во првиот натпревар од 1/4 финале на Лига Европа а едниот беше убав лоб со уште поубава асистенција.

Една акција, триста заврзлами

Во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лига Европа Ренџерс и Атлетик Билбао одиграа 0-0. Домаќините уште од 13-та минута играа со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Робин Пропер. Баскијците во 80-та минута дадоа гол преку Беренгер но тогаш настана прав циркус. Судијата прво го поништи по гледање ВАР поради наводно играње со рака но забележал дека во текот на акцијата домашниот фудбалер Стерлинг играл со рака. Досуди пенал а пеналот кој го изведе Ињаки Вилијамс го одбрани голманот Кели.

Голов на Тотенхем е печен за најавните шпици на ЛЕ

Ништо не е решено во ЛЕ. Од четири средби на првите четвртфиналните битки, три завршија нерешено. Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1:1. Обрнете внимание на финишот на Педро Поро. Кај со пета, па уште и кроз нозе. Браво мајсторе.

Да видиме и Онана како брани во судиско

За маката на навивачите на Манчестер Јунајтеда да биде поголема, во иста вечер Де Хеа блеска, а Онана прави нов кикс на гол и тоа во 95-та за минута, кој Лион го искористи за да израмни на 2:2 на првиот четвртфинален меч во ЛЕ. Колку лоша одбрана, како кашкавал е во рацете.

Страшен рефлекс на Де Хеа во 97 минута

Фиорентина го има Давид де Хеа, а Манчестер Јунајтед Онана. Толку треба да е воведот. Инаку Италијанците славеа на гости против Цеље со 1:2 на првиот четвртфинален меч од Конференциската лига. Погледнете го Шпанецот како реагираше во 97-ма минута. Голманиште

Чурлинов со ножички се обиде да го матира Бетис

Фудбалерите на Бетис со триумф од 2:0 ја оправдаа фаворитската улога против Јагелонија, во првиот натпревар од четвртфиналето во Конференциската лига. Дарко Чурлинов го одигра цел натпревар, а имаше и обид за атрактивен гол.

Кои други фудбалери дале 2 гола од слободен удар на ист меч во Лига на шампиони?

Фудбалерот на Арсенал Деклан Рајс во вторникот вечер влезе на една врвна листа на малкумина фудбалери кои постигнале 2 гола од прекин на ист натпревар во Лига на шампиони.

Две јуначки интервенции на Араухо, една по друга

Барселона често пати знае да биде ранлива во одбрана и да прима лесни голови, но не и кога ќе се постави Роналд Араухо, како ѕид во одбрана. Погледнете го како на два пати го спаси голот.

Стадионот на Бодо Глимт на 24 часа пред дуелот со Лацио

Бодо Глимт и Лацио ја стартуваат четвртфиналната фаза од Лига Европа први, во терминот од 18:45 часот. Условите за игра во Норвешка среде април се зимски. За потсетување, во 2021 им гостуваше Рома со Жозе Мурињо во Конференциска лига. Ги шинаа 6:1.

Триото на сезоната со 82 гола и 40 асистенции

Излезе статистика за тоа кое е најефикасно трио оваа сезона. Барселона 82, Баерн 65, Реал 64, бројки изразени во голови. Или подетално Левандовски 40 гола, Рафиња 28, Јамал 14. Внимавајте добро, Пољакот има 36 години, а игра страшна сезона. Во моментов брои 726 гола за клуб и репрезентација.

Голман даде гол во 94-та и тоа во финале со ножички

Се работи за нисколигашки Куп во Англија, но без разлика на рангот на натпреварување не се гледа секој ден гол на голман во финале и во тоа во 94-та минута со ножички. Инаку голманот на Лејстон ги постави конечните 2:2, но неговиот тим загуби на пенали.

Мало голманско шоу за публика

Триесет и девет годишниот мексикански голман Науел Гузман е еден од ликовите кои можеби најчесто сме го имале во рубриката кога голманите се во прашање. Тој е полуд од многу други чувари на мрежата. Сега во победата на неговиот тим Тигрес УАНЛ над ЛА Галакси 3-2 во четвртфиналето на КОНКАКАФ Купот на шампиони направил мало шоу.

Нов убав гол на машината Меси

Додека неговиот најверојатен наследник Јамал, кој е 20 години помлад, гази на Камп Ноу, Лео Меси на 37 години уште држи лекции по фудбал. Овој пат со два гола му донесе победа на Интер Мајами против Лос Анџелес од 3:1, вредна пласман во Купот на КОНКАКАФ. И тоа со пресврт. Хуго Лорис се фрли, ама џабе.

Мајсторска завршница на Кварацхелија, со еден потег тројца ги измести од баланс

ПСЖ сезонава има опасна навала. Од едната страна незадржлив е Дембеле, а од другата Кварацхелија. Погледнете го какво решение имаше во контра. Тројца дефанзивци на Астон Вила извисија.

Клучни потези на клучни натпревари, тоа е Јамал

Ламин Јамал за годините, има преголем, па дури и неочекуван придонес во Барселона. Освен чувството за гол, погледнете го како ги рани соиграчите со топки, токму во акциите кога паднаа два гола.

Барселона растур систем, ПСЖ помалку убедлив

Тимот на Ханси Флик ја оствари најубедливата победа на првите четвртфиналните средби од ЛШ и е речиси во полуфинале. Ја растури Борусија Дортмунд со 4:0. Двоен стрелец Левандовски. Астон Вила избегна дебакл во Париз и загуби од ПСЖ со подносливи 3:1. Реваншите се следната недела.

Една подзаборавена соло мајсторија на Робен во ЛШ

Колку незгоден играч беше Арјен Робен, човекот кој замина во заслужена пензија со 27 трофеи, освоени со ПСВ, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Цел тим на Фиорентина не можеше да се справи во тоа што го замисли во акцијата, а на крај ниту Себастијан Фреј.

Коинциденцијата на головите на Пандев и Фратези на Алијанц

Иста минута, иста секунда, иста прослава, ист стадион. Неверојатно. Давиде стрелаше за победа од 1:2 во четвртфинале, а Горан за победа од 2:3 во осминафинале пред 14 години.

Блесокот на Винисиус на Емирати

0 голови, 0 асистенции, 0 удари во рамки на гол, 0 создадени шанси, 0 решавачки додавања, 0 успешни дриблинзи и 0 успешни нафрлувања.

Што стори бе мајсторе, Бекам ја нема свиткано од таму

Деклан Рајс се отвори синоќа со слободните удари, ама се отвори и извесен Алекс Луна од аргентинскиот клуб Институто. Сите од тука нафрлуваат, а тој гол даде.

Пред 10 години освои Лига на шампиони со Меси и Нејмар, сега продава во бутик

Неверојатна животна приказна има 41-годишниот Французин Жереми Матје кој играше како лев бек и стопер во Валенсија и Барселона.

Чудниот статистички податок на Мбапе

Реал Мадрид резултатски помина многу лошо на првиот осминафинален дуел на Емирати. Зачудува и статистиката поврзана со Килијан Мбапе, кој замислете на волку важен натпревар, немал апсолутна никакво учество во играта од одбрана, буквално никаква. Во сите параметри му стои бројот 0.