Фудбал

Македонски синдром на самоуништување

Го носи епитетот најфудбалскиот град во Македонија, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, а на стадионот не знае човек дали некој сади бостан или одгледува тутун. Ама ќе се реконструирал, епа нека се реконструира де, зошто е како росна ливада?

Стоперот на Ајакс има 17 години и ги води навивачите

Матејс Де Лигт е роден на 12. август 1999-та година, а веќе дебитираше за репрезентацијата на Холандија и е стандарден член на одбраната на Ајакс кој ќе игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед. Де Лигт речиси после секој меч ги довикува навивачите од теренот.

Легенда си кога ти се клањаат и противниците

16 мај 2004-та, последно коло во Серија А. Цел Сан Сиро е на нозе, не затоа што Милан ја победи Бреша со 4:2, туку затоа што за последен пат во дрес и копачки се појавува Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња. 

Бебето кое го клацкaа Бебето и Ромарио сега вреди 60 милиони евра

Довчерашниот фудбалер на португалскиот клуб Ешторил, Матеус де Андраде Гама познат како син на легендарниот Бразилец Бебето потпиша договор со Спортинг Лисабон кој му стави луда клаузула.

СПАЛ - тимот со чудно име што ќе го гледаме во Серија А

Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...

Кој последен пат стана шампион на Шкотска, а да не е Селтик или Ренџерс

Доминацијата на Реал и Барса во Шпанија не е ништо во споредба со тоа што се случува во шкотското фудбалско првенство, каде само ако си навивач на Селтик или Глазгов Ренџерс ќе знаеш што значи освојување на титула. Така е барем три децении.

Жена му на Конте се расплака од среќа

Поранешниот италијански селектор неколку пати зборувал колку лично тешко му паднал животот во Лондон без жена му Елизабета Мускарело и децата. И покрај тоа, Италијанецот ја освои титулата уште во првата сезона со Челси (шеста за Сините во историјата), а жена му синоќа се расплаче од среќа на „Стемфорд Бриџ“ каде се ореше ’Антонио, Антонио’.

Тери става глава каде што некој не би ставил нога

Иако сезонава беше меѓу резервите, Антонио Конте не е Спалети и му даде 90 минути можност на Џон Тери да го осети Стемфорд Бриџ како што треба, веројатно за претпоследен пат. Тој возврати со гол уште по 22 минути игра и борбеност како да е ова финале во ЛШ.

Каде е генерацијата која на Јуве му донесе Лига на шампиони

21 година го чекаат навивачите на Старата Дама највредниот трофеј во европскиот фудбал. Оттогаш наваму одиграа неколку финалиња, но никогаш не се качија на кровот на Европа, како што се качија нивните претходните пред повеќе од две децении. Кои беа тие?

Три меч топки, три финалиња кои им тежат на Јуве

На Бјанконерите им треба само една победа во последните две кола за да ја заверат шестата титула по ред, но следниот противник со кој се среќаваат нема загубено натпревар во Серија А од 19 март.

Никогаш доста од волејот на Зинедин Зидан

Поминаа точно 15 години од финалето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Баер Леверкузен 2:1 (Раул 8` Зидан 45` - Лусио 13`). Се играше во Глазгов на 15 мај 2002-ра. Колку и да се врти овој гол по најавни шпици, едноставно не може, а да не се одбележи јубилејот од оваа убавина за око. Ваква елеганција нема друг фудбалер.

Фото на денот

Лоренцо Инсиње е висок 163 см и тука нема ништо спорно, се додека на мечот Торино - Наполи кој се одигра вчера не му се падна да излезе на терен со највисокото дете. 

Ќе стојам и ќе ги гледам од болница, за опстанок се работи

На Џенова и Емполи почна да им гори под нозе, бидејќи во борбата за опстанок во Серија А ги нападна упорниот Кротоне, можеби првиот тим во историјата чиј играч болен ги бодреше од болница од каде има поглед на стадион.

Сезона на Монако за во аналите

Официјализирањето на титулата во Франција е само прашање на време и ништо друго и ќе оди во рацете на фудбалерите на Монако, освен ако ПСЖ во последното коло не победи со ракометен резултат, а Монако ги загуби убедливо двете последни средби.

Се изведоа првите пенали на нов начин

УЕФА пушти пробен балон со новиот модел за изведување пенали на Европското првенство за жени и мажи до 17 години. По нерешениот исход во полуфиналето на женското ЕП, на Германија и Норвешка им се погоди да станат први во историјата кои шутирале пенали на овој начин.

Ротердам прослави титула после 18 години

Чекаа, трпеа понижувања од најголемите ривали, беа пред финансиски колапс, губеа по 10-0 и имаа рекордна серија на порази но дочекаа. Дочекаа да ѝ се израдуваат на титулата што ја сонуваа од 1999. година.

Како навивачите на Тотенхем се простија од својот храм

Премиерлигашкиот меч Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот храм на „Мамузите“ отворен во 1899. година, годинава ќе биде срушен.

Што се случува кога Роналдо ќе седне на чај

Се викаш Кристијано Роналдо и ти текнува со другар да се видиш на чај или кафе во некој бар. Не, нема повеќе да се сретнете таму, следниот пат ќе го викнеш или ќе му одиш на гости, затоа што чајот нема ни да го пробаш.

Роналдињо без топка и финта со тело

Во Бахреин ФИФА ги собрала некои од најголемите ѕвезди во фудбалот со цел да одиграат некој ревијален дуел од хуманитарен карактер. А таму Роналдињо...

Контроверзниот гол на Начо од Реал Мадрид

Реал е под страшен притисок од Барселона така што секој бод злато му вреди. Така беше и синоќа против Севиља каде тимот од „Сантиаго Бернабеу“ поведе 1:0 после голот на Начо од слободен додека живиот ѕид не беше наместен. Голот е регуларен, но од аспект на фер-плеј не е коректен.

Мбапе има да ви каже нешто

Кој ќе го купи детево, само ќе се усреќи. Сезонава е најголем хит меѓу тинејџерите во Европа, а неговиот Монако е се поблиску до освојувањето на титулата во Франција. Килиан Мбапе во улогата ајде по бурек и цигари и тоа на 18 години.

Најтензичното чекање на Скудетото

Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.

Боемот меѓу тренерите - Зденек Земан

Да бидеш еден од најценетите тренери во Италија а да не си „нивен“ значи само едно: Да се викаш Зденек Земан, човекот кој правеше чуда со Фоџа во ’90-те години, а ги тренираше и римските гиганти.