Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.
40 меча без пораз е најновата рекордна серија на Реал Мадрид кој го мина ривалот Барселона која лани имаше 39 и го стигна Нотингем Форест кој во 1978-ма врза 40 средби без пораз. Но она што дополнително го прави Реал Мадрид голем клуб е карактерот да не се откажува до крај.
Неколку НБА ѕвезди меѓу кои Коби Брајант и Кевин Гарнет си напишаа писмо сами на себе. Трендот го продолжи Роналдињо на кој освен нозете, одлично му работи и перото. Ова е неговиот фудбалски пат раскажан хронолошки со многу емоции и со две пораки: насмевка и слободно играње фудбал.
Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.
Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.
2017-та за Лионел Меси почна совршено. За прв пат во својата кариера на три меча по ред постигнува гол од слободен удар и сега со 26 гола од слободен за Барса го израмни рекордот на Роналд Куман. Овој против Виљареал е скоро идентичен со тоа што го вежбал на тренинг. Мајсториште.
Кога во 2004-та му откриле рак, Херман Бургос им рекол на лекарите кои закажале операција дали може да ја поместат за понеделник, затоа што за викендот мора да брани за саканиот Атлетико Мадрид. Во своето портфолио лудиот голман има и позната рок-група.
Стефан Јоветиќ оди на 6 месечна позајмица од Интер во Севиља. Тоа е океј. Го прашуваат од каде знае шпански, а тој одговара од шпанските сапуници кои ги гледал како мал. Тоа не е океј. Новинарите му се смејат, а еден од нив кој ја објави веста за неговиот потпис закачи и видео кое едвај издржавме да го изгледаме.
Фудбалерот кој стана легенда на Лестер минатата година денеска полни 30 години и влегува во категорија на ветерани. Не сите фудбалери кои ги интересирало како деца само топка имале кецови по математика.
11 јануари 2009-та сигурно му буди убави спомени на нашиот најдобар фудбалер бидејќи тоа беше денот кога го постигна првиот и последен хет-трик во италијанското фудбалско првенство. Следниот го постигна за Галатасарај во Куп натпревар.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Диего Марадона важи за еден од најфаулираните фудбалери во историјата и тоа во време кога степенот на заштита на играчите не бил како денес. Малиот Диего ѕверски го фаулирале по 28 пати на натпревар а најголем крвник му бил Џентиле од Италија.
За сите кои не можат да сфатат зошто е контроверзен изборот Светското првенство во фудбал во 2022-ра да биде во нефудбалската земја Катар, некој се обидел и да им нацрта. Една е од пораките на оние кои се противат на веќе договорениот зимски Мундијал, е дека не е нормално да гинат илјадници луѓе кои заминале да заработат за леб за да се исполнат амбициите на други луѓе кои спијат на пари.
Зинедин Зидан има четири синови: Енцо (1995), Лука (1998), Тео (2002) и Елијаз (2005) и сите играат во Реал Мадрид, ама во различни категории. Овој потег на 14 годишниот Тео е најава дека за некоја година коментаторите често ќе го изговараат презимето на славниот Французин.
Што е разликата меѓу фудбалот во 70-те и сега? Има многу разлики, особено ако погледнете како селекцијата на Холандија во времето на Јохан Кројф бркаше топка.
На денешен ден пред пет години Марка го бираше најлошиот трансфер во Ла Лига за 2012-та. Резултатите од анкетата ако ги гледате од денешна перспектива се тотален промашај.
Наградата Ференц Пушкаш се дели веќе осум години и сите осум наградени ја заслужија бидејќи направија мајстори потези со топка. Но, секогаш постои едно „но“. Гледајте, учете, а ако сакате излете надвор и пробајте додека не запролети. Симпли д бест и идејата и реализацијата на Италијанциве.
Кога во една иста екипа ги имаш Кристијано Роналдо и Раул, Баџо и Дел Пјеро или Тоти и Дел Пјеро се знае каде може да се јави проблем. Во ефикасноста во никој случај, туку во тоа кој ќе ги земе 7-ка и 10-та. Проблемот се решавал со авторитет или попуштање.
Меѓу Диего Марадона, Пујол, Трезеге, Ван Бастен, Сидорф и останатите легендарни фудбалери, синоќа во Цирих на доделувањето на наградите на ФИФА се појави и човекот кој е најзаслужен за врвната кариера на Кристијано Роналдо.