Статистичарите извадија еден скроз неочекуван податок за еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер во историјата на фудбалот, а тоа е дека него уствари ич не му оди во последно време во топ 8 фазата од ЛШ.
На последните пет четвртфинални нокаут фази, Барселона е елиминирана во четири наврати, а пет кратниот освојувач на Златната топка не успеал да погоди на ниту една од овие средби.
Значи Меси е без постигнат гол на 10 четвртфинални натпревари во низа во Лига на шампиони одиграни меѓу 2014-та и 2018-та.
Податок за неверување со оглед на тоа за кого зборуваме, плус втор најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 100 голови.
Меси има постигнато многу решавачки голови во кариерата, а ова е листата на нокаут средби во ЛШ на кои тој не бил меѓу стрелците, а Барса била елиминирана, со исклучок на сезоната 2014/2015.
Ливерпул (06/07) 180 минути: 0 голови (осминафинале)
Манчестер Јунајтед (07/08) 152 минути: 0 голови (полуфинале)
Интер (09/10) 180 минути: 0 голови (полуфинале)
Челси (11/12) 180 минути: 0 голови (полуфинале)
Баерн Минхен (12/13) 90 минути: 0 голови (полуфинале)
Атлетико Мадрид (13/14) 180 минути: 0 голови (четвртфинале)
ПСЖ (14/15) 180 минути: 0 голови (четвртфинале кое Барса го мина и ја освои ЛШ)
Атлетико Мадрид (15/16) 180 минути: 0 голови (четвртфинале)
Јувентус (16/17) 180 минути: 0 голови (четвртфинале)
Рома (17/18) 180 минути: 0 голови (четвртфинале)
Ова покажува дека моќната Барселона и не делува повеќе така моќно во ЛШ, бидејќи во последните 7 години има освоено само еден трофеј. Претходните три трофеи Меси ги освои во сезоните 2005/06, 2008/09 и 2010/11.