Големиот талент Ренато ја доби главната награда на Јувентус камп

Се сеќавате ли на македонскиот бисер кој na 7 години стапна во Ла Масија? Истото дете успеа да ги освои срцата и на италијанските тренери кои одлучија да го испратат на уште еден камп на Старата дама овој пат во Белград. Гранде Рене.

За фудбалските вештини на малиот Ренато пишувавме уште пред три години кога тренираше во фудбалската школа ФК Мондано каде го доби прекарот „нашето злато“.
 
Ние го следиме секој чекор во неговиот пат за кој би сонувало секое дете на негова возраст.
 
Прво се издвои меѓу 220 деца на кампот на Барселона во Умак, а тоа му отвори можност да стане првиот Македонец кој на 7 години тренираше во најславната фудбалска школа во светот.
 
Ренато беше дел и од Јувентус камп кој се одржа минатата недела на стадионот „Македонски Лавови“ во Ѓорче Петров и таму не помина само како учесник.
 
Организаторите на кампот на крајот доделија 2 јувентус топки, 2 пара голмански ракавици, 1 пар копачки и испратија тројца на летување во Грција, а главната награда му ја доделија на Ренато Амет кој на 8 години засени 130 деца на возраст од 5 до 17 годишна возраст.
 
Благодарение на неговиот талент кој беше забележан од тројца италијански стратези, тој во јуни месец ќе учествува на Јувентус камп во Белград, а со него ќе замине и 14 годишната Миа која се покажа како најдобра во женска конкуренција.
 
„Целосно сме изненадени што Рене ја доби главната награда бидејќи искрено не отивме со некои очекувања и се разбира дека сме пресреќни. Им благодариме за одличната организација и за ова ново незаборавно искуство за нашиот син“, ни изјави Јусуф, таткото на Ренато.
Јувентус одржува кампови во 48 земји во светот, а благодарение на македонскиот фан клуб на Јувентус и ФК Мондано на светската мапа ја означија и Македонија.
 
Кампот го затвори Јане

А за овој голем проект разговаравме со Рафаеле Армароли.
10 април 2018 - 13:57